Овие шест знаци покажуваат дека треба да го исфрлите глутенот од вашата исхрана

Фото: Pixabay
287

Најтешка форма на болеста предизвикана од глутен е целијакијата, но треба да се избегнува и во случај на интолеранција, иако не остава трајни ефекти врз организмот.

Глутенот е состојка во тестенините, печивата и колачите и станува збор за комплексна мешавина на протеини. Го има во пченицата, јачменот, ‘ржта и овесот, а на некои луѓе им е тешко сварлив и мора да го избегнуваат.

Без разлика дали се работи за целијачна болест (автоимуна болест предизвикана од негативната реакција на телото на глутен), интолеранција или алергија, глутенот дефинитивно им предизвикува проблеми на овие луѓе. Целијакијата е автоимуна болест, воспалителен процес кој предизвикува оштетување на тенкото црево и е генетски детерминирана.

Оваа болест погодува околу 1 процент од светската популација, а се верува дека многумина се недијагностицирани.

Алергијата на пченица се дефинира како нус-појави од одговорот на имунолошкиот систем на протеините од пченицата, што за разлика од целијачната болест, не предизвикува трајно оштетување на организмот. Најчесто се јавува како класична алергија на состојки на храната, која го зафаќа гастроинтестиналниот тракт или респираторниот систем.
Чувствителноста на глутен не е предизвикана од автоимуна или алергиска реакција. Не е целосно објаснето и варира од личност до личност. Но, постојат некои јасни симптоми на интолеранција на глутен кои не треба да ги игнорирате.

Мачнини и грчеви после јадење

Доколку се појават после оброците кои содржат глутен, може да укажуваат на интолеранција. Ова е причината зошто лекарите предлагаат да водите дневник за храната што сте ја јаделе и како сте се чувствувале после неа.

Надуеност

Може да биде предизвикана од многу нешта, но ако не го варите правилно глутенот, вашиот стомак дефинитивно може да биде надуен и чувствителен. Ако ги исклучите факторите како хормоните или храната што предизвикува надуеност, проверете дали глутенот е виновникот.

Овие намирници ќе ви помогнат да избегнете надуеност и да ги затворите панталоните кога сте сити

Сува кожа

Многу луѓе со чувствителност на глутен наведуваат кожни заболувања вклучувајќи екстремно сува кожа, осип, акни и егзема.

Слабеење

Ненамерното губење на тежината е еден од примарните симптоми на целијакијата. Имено, оштетените црева не ја апсорбираат храната правилно. Иако другите состојби и проблеми предизвикани од глутенот не ги оштетуваат цревата, тој може да предизвика да јадете помалку поради болката што ја предизвикува.

Не се чувствувате добро

Промената на расположението, депресијата или анксиозноста по конзумирање на храна која содржи глутен е симптом кај луѓето со нецелијакиска чувствителност на глутен.

Имате проблем со меморијата

Еден од примарните невролошки симптоми пријавени од пациенти со чувствителност на глутен е чувството дека не можат јасно да размислуваат и имаат проблеми со меморијата.