Овошно лижавче ќе може да открива рак на устата: Нов револуционерен метод за дијагностицирање на орален карцином

Фото: Pexels
114

Тим од Бирмингем создаде иновативен начин за дијагностицирање на орален карцином со помош на лижавче наместо преку традиционални методи. Освен овие иновации, студиите покажале дека редовното консумирање на ресвератрол, состојка присутна во грозјето, доматите, јагодите и црвеното вино, може да го намали ризикот од рак на устата за околу 15 проценти.

На Универзитетот во Бирмингем, научниците развиваат лижавче што може да ја револуционизира дијагнозата на рак на устата. Кога човек ја консумира оваа овошна бонбона, која брзо се топи во устата, специјален гел во неа ги фаќа протеините поврзани со туморот од плунката. После тоа, гелот се активира со ултравиолетова светлина, ослободувајќи ги протеините и дозволувајќи им на лекарите да направат брза дијагноза.

Во моментов, на речиси 9.000 луѓе во Британија годишно им се дијагностицира орален карцином, кој зафаќа различни делови од усната шуплина. Поради недостаток на очигледни симптоми, многу случаи се откриваат доцна, што резултира со лоша прогноза. Дури 3.000 смртни случаи годишно се последица на оваа болест, пишува Daily Mail.

Ова е делумно затоа што повеќе од половина од случаите не се откриваат додека туморот не се прошири на другите делови на вратот и главата, бидејќи ретко има очигледни симптоми.

Бонбони за спас

Тим од Бирмингем создаде иновативен начин за дијагностицирање на болеста со помош на лижавче наместо преку традиционални методи.

Наместо пациентот да ги чека резултатите од тестот, гелот направен од вода и полимер кој се наоѓа на лижавчето, ги фаќа протеините, вклучително и оние поврзани со рак, присутни во плунката. Еден од овие протеини, интерлеукин-6, често е присутен во прекумерни количини кај оралниот карцином.

Овој тест овозможува брза дијагноза бидејќи резултатите би биле достапни веднаш, што би овозможило порано препознавање на болеста и побрзо упатување на пациентите на дополнителни тестови или биопсија. Истражувачите дополнително ќе го развијат овој тест во текот на следните три години за да го направат подостапен за општите лекари и стоматолозите.

Ова лижавче може да ја промени сликата. Истражувачите од Бирмингем развија гел кој ги заробува протеините во плунката, вклучувајќи ги и оние кои се поврзани со рак. Ова би овозможило брза дијагноза, дури и кај луѓе кои немаат очигледни симптоми. Овој тест ќе биде дополнително развиен и тестиран во следните три години за да биде достапен за што повеќе луѓе.

„Ракот на устата тешко се лекува“

Д-р. Најџел Картер, главен извршен директор на Фондацијата за орално здравје, рекол: „Во моментов оралниот рак е многу тежок за лекување и има лоша прогноза, делумно поради доцната дијагноза. Брзиот тест како овој може да биде одличен начин да се постави дијагноза во раните фази“.

Освен овие иновации, студиите покажале дека редовното консумирање на ресвератрол, состојка присутна во црвеното овошје како грозјето, доматите и јагодите, може да го намали ризикот од рак на устата за околу 15 проценти. Ова соединение, исто така присутно во црвеното вино, има моќни својства кои го намалуваат ризикот од развој на тумори, поради што редовното консумирање на овие намирници е корисно за оралното здравје.