Песто од кељ: Имаме едноставен, брз и вкусен рецепт за сос со кој можете да направите сѐ

Фото: Pexels
201

Се прави со истите состојки како и секое друго песто, со тоа што кељот мора прво малку да се бланшира во врела вода

Кељот е зеленчук кој е дел од тосканската традиција и генерално се одгледува низ цела Италија.

Во Тоскана прават и вкусно песто од кељ, чиј рецепт е подолу. Пестото од кељ е одлично како сос за тестенини, но може да се стави и на палента, во рижото, во бургери и на пици.

Едноставно и брзо се подготвува, а навистина е вкусен и здрав.


Состојки:
100 гр листови кељ (колку се помали, толку се послатки)
3-4 чешниња лук
30 гр мешавина од пињоли (ако имате) и бадеми
25 г од водата во која ќе го бланширате кељот
30 гр екстра девствено маслиново масло
сол и пипер по вкус.

Приготвување:

Измијте ги листовите кељ и отстранете го централниот дел.
Бланширајте ги листовите во малку врела вода, околу три минути и потоа исцедете ги, но зачувајте малку од водата.
Смелете сè во блендер и додадете екстра девствено маслиново масло и од водата (тоа ќе му ја даде на пестото потребната кремаста конзистентност).