Пет штетни намирници можат да бидат „тригер“ за формирање на тумори

Фото: Pexels-Pixabay
70

Многумина од нас посегнуваат по една од овие намирници верувајќи дека прават нешто добро за своето здравје – но вистината е токму спротивна!

Според ново истражување, овие пет намирници треба да се избегнуваат по секоја цена, а многумина од нас веројатно ги имаат во фрижидерот

Еве што имаат да кажат онколозите од Вашингтон.

Алкохол

Апстиненцијата од алкохол е корисна за здравјето! Според Центрите за контрола и превенција на болести, телото го разградува алкохолот во хемиското соединение ацеталдехид, кое може да ја оштети ДНК-та и да ја попречи способноста на телото да ја поправи штетата.

Преработено месо

Сите месни деликатеси како кренвишли, гурмански салами, вкусни колбаси… Сè е тоа замка! Уште во 2015 година, Светската здравствена организација го прогласи преработеното месо за несомнено канцерогено, истакнувајќи дека постојат „доволни докази од епидемиолошките студии дека консумирањето преработено месо предизвикува рак“.

Газирани пијалаци

Газираните пијалаци не се препорачуваат поради нивната висока содржина на шеќер, но ниту диеталните варијанти не се подобар избор, бидејќи често содржат штетни вештачки засладувачи. Исто така, докажано е дека консумирањето шеќерни или вештачки засладени пијалаци го зголемува ризикот од срцеви заболувања.

Кофеински напитоци

Кафето има многу здравствени придобивки. Умереното консумирање кафе може да го намали ризикот од дијабетес, мозочен удар и срцеви заболувања. Сепак, овие придобивки се губат кога кафето се претвора во десерт или во ладен напиток полн со пена. Потоа станува калориска бомба и штетник за нашето тело.

Растителни млека

Одлучете се за млеко од животинско потекло наместо млеко од растително потекло, велат лекарите.

И покрај популарноста на алтернативите на растителна основа, лекарите преферираат полномасни млечни производи богати со хранливи материи. Имено, млеката од растителна основа имаат многу малку хранливи материи. Експертите предупредуваат дека алтернативите на растителна основа не се секогаш нутритивно еквивалентни на производите од животинско потекло. Соединенијата присутни во млечните производи како што се млекото, сирењето, путерот и јогуртот ги активираат Т-клетките кои му помагаат на имунолошкиот систем да се бори против бактериите и туморите и обезбедуваат заштита од болести.