Пет состојки кои НИКОГАШ не треба да ги додавате во смути

Фото: Pexels
1.099

Некои често користени состојки во смутито не се толку здрави како што изгледаат или се, но сепак ќе го претворат обичното смути во калориска бомба. Затоа, пред да започнете со подготовка на вашето следно смути, прочитајте ја оваа листа и дознајте кои состојки треба да се избегнуваат и зошто.

Кога ви треба закуска што е брза, практична, едносавна за носење додека сте во движење и преполна со хранливи материи, смутито е одличен избор – особено ако можете да го направите дома каде што имате поголема контрола врз комбинирањето на состојките. Така може да му обезбедите на телото здрави состојки како овошје, зеленчук, путер од јаткасти плодови, млеко и друго, но има некои често користени состојки кои не се толку здрави како што изгледаат или се, но сепак ќе го претворат обичното смути во калориска бомба. Затоа, пред да започнете со подготовка на вашето следно смути, прочитајте ја оваа листа и дознајте кои состојки треба да се избегнуваат и зошто.

Овошје од конзерва
Конзервираното овошје може да изгледа како најбрзата, најевтината и најзгодната опција за додавање на вашите омилени овошја во смути, но повеќето конзервирани овошја доаѓаат во сируп со многу шеќер. За да избегнете додадени шеќери обидете се да се придржувате до свежото овошје. Замрзнатото овошје е уште подобро за смути бидејќи ја задржува својата хранлива вредност, не се расипува толку брзо и ќе му даде покремаста текстура на смутито.

Овошен јогурт
Една од најчестите состојки кои луѓето ги додаваат во нивните смути за екстра кремаста текстура е јогуртот. Сепак, вашето смути лесно може да се претвори во шеќерна бомба ако додадете погрешен јогурт. Повеќето индустриски овошни јогурти содржат многу додаден шеќер, а тие кои се рекламираат како „без маснотии“ или „немасни“ често имаат уште повеќе. Грчкиот или обичниот јогурт се подобри опции бидејќи немаат додаден шеќер, а се добар извор на протеини и ќе ви помогнат да останете сити подолго време.

Засладен овошен сок
Додавањето овошен сок од тетрапак само ќе ја зголеми количината на шеќер во вашето смути, дури и ако изберете еден од оние што се рекламираат како целосно природни сокови. Ако сакате течна основа за смути, а не сакате да додавате вода, најдобро е да изберете тип на млеко што ви одговара – тоа може да биде добар дополнителен извор на витамини, минерали и протеини.

Природни засладувачи
Завршивте со комбинирањето на состојките за смути и сакате да додадете малку повеќе сладост. Наместо да посегнувате по обичен шеќер, одлучувате да пробате нешто поприродно и додавате мед или јаворов сируп. За жал, ова не е паметна опција. Природните засладувачи можеби се помалку преработени и поздрави од обичниот шеќер, но тоа не значи дека со нив не сте додале многу непотребен шеќер и со тоа значително сте го зголемиле внесот на калории.

Премногу здрави состојки
Постојат некои состојки, како што се путер од јаткасти плодови, авокадо и кокосово масло, кои често се наоѓаат во рецептите за смути бидејќи се сметаат за здрави и богати со хранливи материи. Навистина се, особено се добри како извор на здрави масти, но при дозирањето задолжително ограничете ја количината бидејќи сите се многу калорични.