Пет важни причини буковките да се најдат во вашата чинија

Фото: Pixabay
272

Буковките содржат квалитетни протеини споредливи со животинското месо и витамини Б1, Б2, Ц, Д, К, како и минерали: селен, јод, цинк, калиум, железо, фосфор. Најновите истражувања ги откриваат нејзините лековити ефекти, почнувајќи од ублажување на воспаленијата до подобрување на здравјето на срцето.

Буковката (лат. Pleurotus ostreatus) е јадлива печурка од фамилијата Polyporaceae која се одгледува низ целиот свет, вклучително и кај нас и во регионот. Култивираните видови се секако популарни и во однос на употребата се веднаш зад шампињоните.

Се користат термички обработени или сушени, а може да се подготват на повеќе начини, од печење на скара, како додаток на супи, пржени итн.

Буковките содржат квалитетни протеини споредливи со животинското месо и витамини Б1, Б2, Ц, Д, К, како и минерали: селен, јод, цинк, калиум, железо, фосфор. Имаат малку натриум.

Одамна е познато дека буковките го зајакнуваат имунолошкиот систем, поради што Кинезите со векови ги користеле во исхраната. Тие користеле буковки за да ги обноват мускулите и тетивите, да ја намалат болката и да ја подобрат циркулацијата.

Денес, буковките се користат во борбата против хипертензијата, разните инфекции, високиот холестерол, но секако и за подобар имунитет. За имунитетот е одговорен фитохемикалијата плеуран, која ја содржат. Имаат и антиканцерогени соединенија, како и бета глукани. Буковката е одлична за намалување на нивото на шеќер во крвта, па затоа се препорачува и за дијабетичари.

Најновите истражувања ги откриваат нејзините лековити ефекти, почнувајќи од ублажување на воспаленијата до подобрување на здравјето на срцето.

  1. Намалување на холестеролот

Во истражувања на животни, буковките брзо и природно го намалуваат холестеролот во крвта.

Истражувањето објавено во списанието Mycobiology покажа дека конзумирањето на буковки помага да се намали вкупната количина на холестерол за 37% и на триглицериди за 45%.

Холестеролот е супстанца слична на восок која се наоѓа во многу делови од телото и игра важна улога во одржувањето на доброто здравје.

Тој е составен дел на клеточните мембрани и учествува во синтезата на жолчните киселини, неколку хормони и витамини.

Сепак, вишокот холестерол може да се акумулира во крвта, да создаде масни наслаги во артериите и да го зголеми ризикот од срцев и мозочен удар.

  1. Ублажување на воспалението

Се покажа дека буковките имаат силни антиинфламаторни својства, што може да значи дека тие имаат потенцијал да ги ублажат болестите како што се ревматоидниот артритис и воспалителната болест на цревата.

Според лабораториска студија објавена во Nutrition Journal, состојките во буковката го намалуваат нивото на воспалителни маркери, што е индикатор за намалено воспаление.

Воспалението е имунолошка реакција чија цел е да го заштити телото од болести.

Хроничното воспаление нема заштитна функција туку е здравствен проблем. Тоа е поврзано со зголемен ризик од рак, срцеви заболувања и дијабетес.

  1. Сузбивање на слободните радикали

Некои студии открија дека буковките се богати со антиоксиданти, соединенија кои се спротивставуваат на слободните радикали и на тој начин го спречуваат оштетувањето на клетките.

И лабораториските и животинските студии покажаа дека состојките на буковките го зголемуваат нивото на антиоксиданти во телото и ги неутрализираат штетните слободни радикали.

Антиоксидантите играат централна улога во одржувањето на здравјето и намалувањето на ризикот од многу хронични болести.

  1. Запирање на растот на малигните клетки

Една од најзначајните придобивки на буковката е нејзиното влијание врз клетките на ракот.

Во лабораториските истражувања на Методистичкиот институт во Индијанаполис, научниците успеаја да го спречат растот и ширењето на клетките на ракот на дебелото црево.

Друга лабораториска студија покажа дека екстрактот од буковки има разурнувачки ефект врз клетките на ракот на дебелото црево и леукемијата.

Буковките ги должат овие својства на нивната висока содржина на антиоксиданти како што се селен и бета-глукан.

Селенот е еден од микронутриентите со најсилно дејство против слободните радикали.

Полисахаридите, кои го поддржуваат имунолошкиот систем, се уште една значајна група на хранливи материи во оваа печурка.

  1. Заштита на здравјето на мозокот

Познато е дека исхраната директно влијае на здравјето на органите, вклучувајќи го и мозокот.

Ризикот од невродегенеративни болести и деменција зависи од храната што ја внесувате во вашето тело.

Анализите покажаа дека буковките се богати со витамини и минерали кои се особено важни за здравјето на мозокот.

Меѓу нив се ниацинот (Б3), кој помага при Алцхајмерова болест и други форми на деменција и рибофлавинот (Б2), кој има терапевтски ефект против Браун-ов синдром, форма на нарушување на моторниот неврон.