Пиењето маслиново масло спречува мамурлак?!

Фото: Pexels
115

Уште еден нов тренд на социјалните мрежи, кој ги освојува припадниците на генерацијата З (зумери), станува сѐ поактуелен. Станува збор за тоа дека, наводно, ако се напиете маслиново масло пред да почнете да пиете алкохол, ќе го спречите мамурлакот следното утро.

На социјалните мрежи е актуелен нов тренд кој ги освојува припадниците на генерацијата З (или едноставно ген З), разговорно познати како зумери.
Овој пат станува збор за консумирање маслиново масло пред да почнете со пиење. Овој тренд, кој не е сосема нов, стана популарен меѓу Gen Z во последните месеци.

Се заснова на идејата дека пиењето маслиново масло може да спречи мамурлак после ноќното излегување.

Музичкиот продуцент Бени Бланко, момче на поп-ѕвездата Селена Гомез, ја популаризирал оваа практика кога се појавил на „The Tonight Show“ со Џими Фалон во април.

Бланко објаснил како неговиот пријател Нино го научил дека пиењето маслиново масло пред консумирање алкохол го спречува мамурлакот, тврдејќи дека тоа го пренеле како тајна старите Италијанци.

Според овој медитерански метод, маслиновото масло го обложува желудникот и ја забавува апсорпцијата на алкохолот, благодарение на неговото богатство со здрави мононезаситени масни киселини.

Оваа теорија сугерира дека симптомите на мамурлакот треба да бидат помалку изразени бидејќи масната храна го забавува празнењето на желудникот.

Дали ова функционира?

Џастин Стебинг, професор по биомедицински науки на Универзитетот Anglia Ruskin, напишал статија за The Conversation во која ги изразил своите сомнежи за овој метод.

Иако постои логика, научните докази за поддршка на тврдењата за ефикасноста на маслиновото масло во спречувањето на мамурлакот се ретки.

Професорот Стебинг истакнал дека маслиновото масло може да ја забави апсорпцијата на алкохолот, но сепак поголемиот дел од алкохолот подоцна се апсорбира во тенкото црево, пренесува LADbible.

Од друга страна, д-р Миро Фигура, анестезиолог од Лос Анџелес, признава дека маслиновото масло има многу антиоксиданти и антиинфламаторни супстанции.

Клиниката во Кливленд, исто така, препорачува дневна потрошувачка на маслиново масло за неговите здравствени придобивки, вклучително и за намалување на воспалението и ризикот од срцеви заболувања и заштита од рак.
Сепак, професорот Стебинг нагласува дека клучот за спречување на мамурлакот е пиење многу вода пред, за време и после пиење алкохол.

Тој исто така препорачува богат оброк полн со протеини, масти и сложени јаглехидрати како подобра алтернатива на маслиновото масло.

На крајот, наједноставниот начин да избегнете мамурлак е да пиете алкохол во умерени количини.

Ако одлучите да испиете неколку пијалаци, погрижете се да јадете многу овошје и зеленчук што ќе ви помогнат да се чувствувате подобро следниот ден.