Пијте 1 дл од овој напиток секој ден и веднаш ќе го намалите лошиот холестерол!

Фото: Unsplash
337

Не е новост дека лимонот и магдоносот се исклучително здрави намирници, но кога се во комбинација можат да бидат одличен лек за намалување на холестеролот

Mагдоносот е одличен сојузник на здравјето во секојдневното подготвување на храната, бидејќи се додава во јадењата како мал додаток, главно за вкус. Но со тоа правиме многу и за нашето здравје.

Магдоносот содржи две групи посебни состојки, многу важни за здравјето. Првата група состојки вклучува природни есенцијални масла, а втората група флавоноиди. Покрај сето тоа, тој е исклучително богат извор на витамините Ц, А и К, па затоа се препорачува повеќе да се консумира во сезоните на грип и настинки.

Покрај тоа, листот од магдонос се покажа како одлично средство за поттикнување на излачувањето на штетните материи од нашиот организам и за поттикнување на циркулацијата.

Ако во лимонот додадеме магдонос и од него направиме сок, ќе добиеме чудесен напиток кој го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта.

Состојки:

1,5 литар вода
3 китки магдонос
1 кг лимони
сода бикарбона

Приготвување:

Кората од лимон добро истријте ја со сода бикарбона за да ги отстраните нечистотиите од кората. Сепак, обидете се да користите домашни, непрскани лимони.

Сварете ја водата и оставете да се излади.

Лимонот исечкајте го на кришки, исечкајте го магдоносот и додадете го во студената вода.

Покријте сè заедно и оставете го да отстои во фрижидер еден ден.

На крај измешајте сè и префрлете во тегла или во шише.

Секој ден пијте по еден децилитар.