Пилешко бело месо со слатко-солен сос

Фото: Инстаграм/ ronis_recipes
111

Пилешкото бело месо со слатко-солен сос изгледа како уште еден убав подарок под елката, со тоа што овој ќе треба да го ставите на масата. Инаку, овој сос оди одлично со лесното пилешко месо.

Овој рецепт ќе ви стане омилен за сите празнични ручеци во иднина. Едноставен, лесен и вкусен.

Состојки:
4 парчиња пилешки гради
парчиња портокал
парчиња лимон
гранчиња мајчина душица
За сосот:

2 супени лажици маслиново масло
3 лажици мед
прстофат сол
прстофат црн пипер
сок од половина портокал

Приготвување:

Секое парче бело месо засечете го паралелно попреку, но не до крај.

Загрејте ја рерната на 180 степени. Исечете ја хартијата за печење на правоаголници, па свиткајте ги како да правите лепеза. Врзете ги краевите со конец и отворете ги за да формирате чамец (за да ви биде појасно, погледнете го видеото подолу).

На дното на хартијата ставете парчиња портокал, лимон, гранче мајчина душица, а одозгора белото месо, па наредете ги во плех за печење.

Посебно измешајте ги состојките за сосот и обилно прелијте го секое парче филе, посипете со малку листови мајчина душица.

Ставете ги во рерна и печете 25 минути.