Подгответе совршени печени сливи!

Фото: Unsplash
423

Ако ви се јаде нешто благо, а немате многу време, не мора да правите ништо комплицирано. Како што понекогаш печете јаболки, така сега можете да испечете и сливи

Дали ви се јаде нешто слатко, но немате многу време за да го подготвите? Само пресечете ги сливите на половина и оставете ја рерната да го заврши најголемиот дел од работата!
Добрата вест е што печените сливи можете да ги чувате во затворен сад во фрижидер до пет дена. Ќе служи како десерт, ужина, но и како појадок, за време на викенд, евентуално, со малку вино.

Доколку сакате да го избегнете виното, слободно заменете го со свежо цеден сок од портокал. Слободно додадете цимет или каранфилче, во зависност од тоа што сакате.

Послужете со обичен јогурт, рикота или сладолед од ванила. Уживајте!

Печени сливи

Состојки:

700 гр сливи

2 лажици мед

1 мешунка од ванила (ако немате може и екстракт од ванила)

3 ​​тенки кришки лимон

50 мл бело вино

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 190 степени. Добро измијте ги сливите, избришете ги и пресечете ги на половина. Наредете ги сливите во сад за печење во еден слој.

Прелијте ги со мед, додадете ванила и вино. Врз сливите ставете три тенки парчиња лимон. Покријте го садот со алуминиумска фолија и печете околу 30 минути. На половина од печењето извадете ја фолијата, промешајте и продолжете со печењето додека не омекнат.