Времето за појадок ќе зависи од тоа во колку часот сме вечерале, кога сме отишле да спиеме и во кое време сме станале, вели нутриционистката Марија Хозе Криспин од Клиниката Менорка, советувајќи да се направи пауза од 12 часа.
Сите знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот, но немаме сите исти навики. Додека некои се навикнати да јадат веднаш штом ќе се разбудат, други чекаат најмалку два часа по будењето, а има и такви кои немаат апетит пред 12. Идеалното време за појадок толку многу се променило со текот на годините што веќе не може лесно да се дефинира.
Според нутриционистката Марија Хозе Криспин од Клиниката Менорка, не постои идеално време за појадок – секој човек треба да појадува во време кое најмногу му одговара, што ќе зависи од неговиот распоред и начин на живот.
„За мене е поважно што се јаде за појадок отколку времето кога се јаде. Во оваа смисла, некои здрави предлози, како што се овесна каша, јајца или грчки јогурт за појадок, стануваат актуелни“, вели нутриционистката.
Таа ја нагласува важноста од прилагодување на времето за појадок на деноноќниот циклус, внатрешниот часовник кој го регулира нашиот крвен притисок, телесна температура и хормони, бидејќи тие се разликуваат од личност до личност. Во овој поглед, експертот за долговечност, Валтер Лонго, советува целосно да избегнувате да јадете храна кога ќе се стемни, што пак ќе го поттикне раното јадење. Оваа практика обично вклучува зголемување на времето помеѓу вечерата и појадокот.
„Меѓутоа, нашето тело е флексибилно. Ако ги следиме препораките до милиметар, ќе треба да почнеме да легнуваме во 22 часот, што повеќето луѓе не го прават“, вели Марија Хозе Криспин. Значи, можеме да кажеме дека времето за појадок ќе зависи од тоа во колку часот сме вечерале, кога сме отишле да спиеме и во кое време сме станале, вели нутриционистката советувајќи да се направи пауза од 12 часа.