Помалку калоричен од месото, но со иста количина протеини: Наутот го намалува притисокот, ги штити срцето и коските, го регулира варењето…

Фото: Pixabay
133

Наутот е помалку калоричен, има речиси иста количина протеини како месото, не е штетен и не содржи опасни материи во својот состав, а има и многу повеќе железо.

Многу нутриционисти тврдат дека наутот е далеку подобар избор од месото. Наутот е помалку калоричен, има речиси иста количина протеини како месото, не е штетен и не содржи опасни материи во својот состав, а има и многу повеќе железо.

Ова е многу важна храна за вегетаријанците, па затоа се користи многу често. Рецептите со наут се бројни и се присутни во медитеранските земји, Северна Африка, Индија, Турција и многу други земји. Неговите здравствени придобивки се повеќекратни, па да почнеме со нив.

Една чаша наут ви обезбедува и 50% од дневната потреба на вашето тело за калиум, 2% за витамин А, 13% за витамин Ц, 69% за железо, 55% за витамин Б6 и 57% за магнезиум. Покрај тоа, наутот содржи и витамин К, фолат, фосфор, цинк, бакар, манган, холин и селен.

Наутот е еден од најдобрите извори на протеини, растителни влакна, витамин Б6, железо и магнезиум и е богат со есенцијални аминокиселини кои организмот не е во состојба сам да ги создаде.

Лековити својства на наутот

Во борбата против дијабетес

Студиите покажаа дека дијабетичарите од тип 1 кои често консумираат храна богата со растителни влакна, го намалуваат нивото на гликоза, а дијабетичарите од типот 2 можат да го подобрат нивото на шеќер, липиди и инсулин во крвта.

Експертите препорачуваат 21-25 г диетални влакна на ден за жени и 30-38 г за мажи.

Го чува здравјето на коските

Железото, фосфатите, калциумот, магнезиумот, манганот, цинкот и витаминот К, кои се наоѓаат во наутот, придонесуваат за здравјето и јачината на коските.

Сепак, треба да се биде внимателен кога станува збор за овие минерали бидејќи премногу фосфор и премногу малку калциум можат да резултираат со слабеење на коските.

Го намалува крвниот притисок

Една од најважните промени што треба да ги направите за да го намалите крвниот притисок – треба да јадете храна која е сиромашна со натриум, а токму таков е наутот.

Покрај тоа, содржи и калиум, што е подеднакво важно за нормализација на крвниот притисок.

Го чува нашето срце

Комбинацијата на растителни влакна, калиум, витамини Ц и Б6 и недостатокот на холестерол е одлична за одржување на здравјето на срцето.

Го регулира варењето на храната

Наутот го подобрува варењето на храната и е одличен природен лек за лекување на запек и подобрување на целокупното здравје на дигестивниот тракт.

Го одржува холестеролот под контрола

Бројни студии покажаа дека редовното консумирање на наут природно го намалува лошиот холестерол.

Го чисти организмот

Оваа исклучителна мешунка има необично својство да ги отстранува сулфатите од нашите тела, многу штетни соединенија кои најчесто се користат како конзерванси во преработката на храна.