Понекогаш должината не значи квалитет: Кога ќе видите џиновски бамји, тоа само значи дека се презреани

330

Кога ќе видите по која цена се продаваат бамјите и потоа ќе најдете вакви огромни бамји, не се лажете: Должината не е секогаш знак на квалитет! Особено кога станува збор за бамји

Должината на бамјите не е знак на квалитет, напротив, значи само дека некој заборавил да ги набере на време и дека презреале, па повеќе не се за јадење.

Ако веќе сте се излажале поради нивната грандиозност и мислите дека вредат за сите пари што сте ги дале за нив, можеби може да искористите барем нешто такашто ќе ги ставите во некоја манџа, да пуштат малку од своите вкусови и потоа, бидејќи веројатно ќе бидат толку тврди што нема да можат да се џвакаат, ќе ги извадите и ќе ги фрлите.

И нам ни е жал, но едноставно е така. Ако се презреани, ќе мора да им кажеме збогум.

Инаку, бамјите важат за здрава храна заради тоа што се нутритивно богати, а со малку калории, богати со микронутриенти (витамини и минерали), антиоксиданти и различни други фитохемикалии.

Богати се со витамини од Б групата, витамин Ц, Е и К, што се однесува до минералите најмногу содржат калиум, магнезиум, фосфор, калциум и железо.

Поради овој богат и специфичен хранлив состав, бамјата е добра и за дијабетичарите поради нискиот гликемиски индекс, за здравјето на срцето поради антиоксидантите и одредени специфични растителни влакна, но и за здравјето на коските, поради витаминот К и минералниот состав.

Добри се за слабеење поради тоа што се густо-нутритивна храна, богата со растителни влакна, за бремени жени, поради витаминот Б9 и за одржување на здравиот вид, поради витаминот А.

И како поука, при купување бамји треба да водите сметка мешунките да се млади и без траги на оштетување. Исто така треба да се меки, но не премногу. Избегнувајте купување бамји што се подолги од 2 сантиметри, особено не купувајте вакви џиновски, бидејќи тоа е само знак дека се презреани.

Интересно е тоа што од мешунките на бамјите се добива растителен екстракт кој се користи како замена за ботокс.

Овој екстракт го намалува грчењето на мускулите и ги опушта.

Исто така, го неутрализира пробивањето на штетните материи и слободни радикали во клетките и чува од превремено стареење.

Докажано е дека е корисен зеленчук за лица што имаат проблем со црниот дроб и бубрезите.