Постот и неговите стапици: Што може да се случи во телото кога нагло ќе му скратиме некои намирници?

Фото: Pexels
250

Иако процесот на чистење на организмот од храна од животинско потекло е повремено пожелен, па дури и препорачлив, еве неколку навики кои многу луѓе ги практикуваат за време на постот, а кои можат да бидат опасни по нивното здравје

Поради промена на режимот на исхрана и лишување на организмот од една група на намирници, за време на постот често може да добиваме „напад“ на глад.

Постот кој започна вчера (18 март), како и секоја диета во која група намирници целосно се исфрлаат, носи одредени замки и ризик не само од бурни реакции во организмот, туку и од можни здравствени проблеми. Затоа е од најголема важност соодветната подготовка со разновиден избор на намирници.

Пост: Најчестите грешки што ги правиме
Експертите за исхрана нагласуваат дека треба да бидете внимателни и информирани при изборот на посна храна. Во зависност од тоа дали постите на вода или на масло, треба да обезбедите внес на есенцијални масни киселини. На пример, постот на масло со внесување риба и морски плодови е добар и во други делови од годината, доколку се направи добра комбинација со друга храна. Но, ако постиме на вода подолго време, можеме да го лишиме телото првенствено од протеини, одредени минерали и витамини. Исто така е значајно и колку долго трае постот.

Поради ова, организмот може да изреагира бурно, буквално да се „шокира“, особено ако не е направена соодветна подготовка за постот, а вашата исхрана нормално се базира на храна од животинско потекло. Пред сѐ, може да „страда“ имунитетот, а потоа крвната слика (промена на параметрите во крвта) и хормоналниот статус.

Опасни навики за време на постот
Иако процесот на чистење на организмот од храна од животинско потекло е повремено пожелен, па дури и препорачлив, еве неколку навики кои многу луѓе ги практикуваат за време на постот, а кои можат да бидат опасни по нивното здравје:

прекумерна употреба на масло или маргарин
готвење храна во длабоко масло
премногу сушено овошје или јаткасти плодови (содржат многу шеќер и масти)
прекумерна консумација на тесто.

Избегнувањето на овие навики и рамномерното консумирање на сите други дозволени намирници е клучот за воведување на организмот во постот, како и користење на максималните здравствени придобивки.

Пост: Кои се предностите, а кои потенцијалните недостатоци?
Кога постиме, јадеме најголем дел од намирниците со помала калориска вредност (зеленчук, овошје, житарки, риба). Сите тие имаат и голема количина растителни влакна, неопходни за добро дигестивно здравје и поефикасно варење.
Покрај тоа, овие намирници се основата на таканаречената медитеранска исхрана, за која е познато дека добро влијае на подвижноста на цревата, спречување на дијабетес и срцеви заболувања. Исхраната која ја формира основата на медитеранската исхрана е богата со омега-3 масни киселини, кои се важни за имунитетот, како и за општото добро здравје.

Што се однесува до недостатоците, тие се однесуваат пред сѐ, на прекумерното внесување на јаглехидрати и несоодветната комбинација со други, кои содржат микронутриенти типични за храна од животинско потекло.

Препорачана храна за време на пост

  1. Леќа
    Во 100 грама леќа има 26 грама протеини, заедно со висок процент на минерали и влакна. Леќата содржи железо, како и магнезиум и калиум. Спаѓа во намирниците кои имаат најмалку сол и маснотии.
  2. Брокула
    Брокулата е протеински шампион, а содржи и голема количина на неопходни витамини и минерали, како и влакна. Припаѓа на нискокалорична храна.
  3. Кељ
    Иако е нискокалоричен, кељот е богат со есенцијални хранливи материи, витамини и минерали, како и со протеини.
  4. Печурки
    Во печурките има повеќе протеини отколку во некои видови месо. Најмногу се состојат од вода, не содржат масти, па затоа имаат минимум калории.
  5. Соја
    Протеините од соја содржат голема количина на есенцијални хранливи материи, еднакви на протеините од месото, млекото и јајцата. Сојата се препорачува да се обработи термички за да се елиминира инхибиторот трипсин, кој може да предизвика непријатни симптоми кај луѓето со чувствителни црева.
  6. Скуша
    Припаѓа на најздравата риба со малку калории и најмногу есенцијални масни киселини. Исто така е одличен извор на протеини.

Како да избегнете дебелеење за време на постот?
Поради променетата исхрана често имаме „напади“ на глад за време на постот, па посегнуваме по калорични грицки или храна која го одржува чувството на ситост, како што се компирите кои се полни со скроб. Последица на тоа е дека е потешко да се претворат хранливите материи што ги внесуваме во енергија, што е исто така ризик од таложење маснотии.
Знаачи, ако храната правилно се комбинира за време на постот, нема да дојде до дебелеење.