Предизвик за јануари: Рецепти за вкусни јадења без месо, риба, млеко и сирење (Почнуваме со црвена леќа)

Фото: Freepik
1.679

Предизвикот „веган во јануари“ ги поттикнува луѓето да следат вегански начин на живот во јануари со цел да се едуцираат за придобивките од консумирањето храна од растително потекло, но и за да го намалат нивниот јаглероден отпечаток.

Месецот јануари е време кога многумина донесуваат новогодишни одлуки за поздрав начин на живот и исхрана. Затоа активистот Метју Глоуер и неговата сопруга Џејн Ленд го започнале веганското движење уште во јануари 2014 година.

Предизвикот „веган во јануари“ ги поттикнува луѓето да следат вегански начин на живот во јануари со цел да се едуцираат за придобивките од консумирањето храна од растително потекло, но и за да го намалат нивниот јаглероден отпечаток.

Секоја година, на движењето му се придружуваат сè поголем број луѓе кои се охрабруваат да јадат храна базирана на растителни намирници, како што се овошје и зеленчук, житарки, мешунки, јаткасти плодови и семки, или барем да направат пауза од јадење оброци со месо, риба, млечни производи и јајца.

Доколку сакате да бидете дел од ова движење, макар и само неколку дена, ќе ви предлагаме по едно јадење во следните денови, направено со растителни состојки, но сепак вкусно и богато со протеини.

Црвена леќа
Дал е популарно јадење од индиската кујна кое наликува на густа чорба, а се подготвува од мешунки со преполовени зрна кои не треба да се натопуваат пред да се варат. Токму затоа не бара долга термичка обработка или планирање – можете да го составите за помалку од еден час и да го послужите на традиционален начин – со варен ориз и наан или чапати. Имаме рецепт.

За да има што е можно покремаст вкус, не заборавајте да додадете малку полномасно конзервирано кокосово млеко кон крајот на готвењето.

Состојки:
1,75 л супа од зеленчук
400 гр сечкани домати од конзерва
200 гр сува црвена леќа
125 мл конзервирано кокосово млеко
2 лажици девствено кокосово масло
2 лажички кафеав шеќер (ова можете и да го исфрлите)
1 кромид
2-3 чешниња лук
1 лажица кари во прав
1 лажица рендан ѓумбир
1 лажичка мелен коријандер
сол и кајенски пипер по вкус

Приготвување:

Црвената леќа измијте ја во вода, исцедете ја и оставете ја на страна.
Во поголемо тенџере загрејте го кокосовото масло на умерена температура, па во него пропржете го кромидот исечкан на помали парчиња околу пет минути.
Додадете сечкан лук и рендан ѓумбир и пржете сè заедно околу половина минута.
Додадете сечкани домати, (шеќер по желба), кари во прав, мелен коријандер, сол и кајенски пипер. Добро измешајте.
Додадете ја црвената леќа и супата од зеленчук.
Покријте го тенџерето и варете додека

не зоврие. Потоа намалете ја температурата и продолжете со готвењето околу 15 до 20 минути, повремено мешајќи.
На крајот на готвењето додадете кокосово млеко.
Послужете со варен ориз или наан.