Предновогодишно загревање со најдобрите вина: Дојде време за најубавиот настан во декември

Фото: Unsplash
1

Деветтото издание на најочекуваниот вински салон во Скопје, со најдобрите вина и бројни изложувачи од Македонија и странство и можност за секогаш интересните интерактивни лекции на темата – вино, не очекува на старото место, хотел „Мериот“, 20 и 21 декември од 16 до 22 часот

Во месецот кога се одбројуваат последните денови од годината, таман некаде при крајот, а токму како загревање за новогодишната ноќ, на 20 и 21 декември, на старото место, во хотел „Мериот“, не очекува деветтото издание на Винодонија – Винодонија 2025.

Во својата деветта година создавање препознатлива винска атмосфера, Винодонија повторно ги собира винските професионалци, винарите, сомелиерите и сите вистински љубители на вино кои не само што сакаат да уживаат во овој боженствен пијалак, туку сакаат да го разберат и да научат што е можно повеќе за виното, за неговиот пат, за сите можни варијанти и нијанси на овој на многумина омилен пијалак.

Да научат како да уживаат во него, да дегустираат и да го најдат своето омилено за секој момент во годината кој заслужува вино.

Во духот на предновогодишното расположение, Винодонија 2025 доаѓа токму во моментот кога градот пулсира со празнична енергија и желба за убави средби. Салонот ќе биде винска сцена за споделување на вкусови, емоции и моменти, идеално место за уживање во најдоброто од виното пред крајот на годината. Со богата програма и вински ритуали, Винодонија 2025 е воедно и покана за достоинствено затворање на годината – со чаша вино во рака и со друштво што знае да препознае вкус и вредност.

Со повеќе од 75 вински брендови кои ќе изложат над 500 вински етикети, Винодонија 2025 ветува незаборавно винско патување. Посетителите ќе имаат можност да ги вкусат најдобрите вина од Македонија и странство, додека 15 гастро-изложувачи ќе ги надополнат елегантните вински моменти со ексклузивни деликатеси.

Интернационалниот карактер на Винодонија 2025 се огледува во присуството на винари и експерти од различни земји, кои ќе ги споделат своите најдобрите вина и најнови трендови во светското винарство. Оваа година, покрај македонските вина кои ја раскажуваат приказната на нашите лозја, посетителите ќе имаат можност да дегустираат и врвни вина од регионот и пошироко.

ВЗа да го задржи својот едукативен дел, тука се и работилниците и предавањате со еминентни експерти од винската индустрија кои ќе ги споделат своите знаења на специјални мастер-клас дегустации и интерактивни сесии, кои се наменети за сите – од искусни вински познавачи до оние кои сакаат да ја продлабочат својата љубов и, особено, своето разбирање за виното.

Доколку сè уште немате билети, може да ги набавите онлајн на следниот линк: https://vinodonia.mk/shop/.