Препорачана исхрана по хемотерапија и што треба да избегнувате?

Фото: Pexels
357

Онколошките пациенти за време на хемотерапијата треба да водат здрав живот кој вклучува умерена физичка активност, избегнување на пороци како цигари и алкохол и здрава исхрана.

Бидејќи хемотерапијата ги убива клетките на ракот, може да ги оштети и здравите клетки, што може да предизвика одредени проблеми со исхраната.

По само една хемотерапија, може да се појават несакани ефекти како што се мачнини, губење на апетит, промени во сетилото за вкус и мирис, запек или дијареа, болно оштетување на усната шуплина, грлото и отежнато голтање, повраќање, губење на тежината или дебелеење.

Исхраната на болните од рак често се разликува од исхраната на здравите луѓе, бидејќи тогаш може да дојде до зголемување на потребата од протеини или дополнителни калории.

Од друга страна, ако по хемотерапијата се појавиле рани во устата, храната треба да биде течна или во форма на пире и сосови.

Јадете доволно влакнеста храна, витамини и воопшто калории, бидејќи само така ќе ја зачувате виталноста на организмот за време на лекувањето и ќе му помогнете на оштетеното ткиво побрзо да се регенерира.

Исхрана по хемотерапијата

По примањето на хемотерапијата, најдобро е да се јадат помали оброци кои се лесно сварливи. На пример, пилешко, ориз, печени компири, банани или јаболка.

Добар избор е и рибата, особено туната и лососот, бидејќи се богати со омега 3 масни киселини и витамин Д и ќе ви помогнат да го зајакнете ослабениот имунитет.

Што треба да се избегнува?
Избегнувајте црвено месо, алкохол, кафе и чај (освен зелен чај), преработено месо и вештачки сокови.
Зеленчукот треба многу добро да се измие. Дури и оние со дебела кора треба добро да се измијат по лупењето.

Зеленчукот треба да се обари, не долго, освен морковите кои можете да ги јадете свежи.

Авокадото е добар избор, бидејќи е хранливо, а лесно се вари.

Јогуртот може да ја ублажи мачнината, но и да ги зачува коските и мускулите за време на третманот.

Од друга страна, ако за време на третманот развиете нетолеранција на лактоза, треба да користите јогурт без лактоза.

Јадете 5-6 помали оброци наместо 3 големи.

Вклучете брокула, кромид и лук во вашата исхрана по хемотерапијата, многу протеини (јајца, пилешко, мисиркино, говедско месо).

Јадете храна богата со селен, како што се цели зрна, индиски и бразилски ореви.

Овошјето богато со витамин Ц е добар антиоксидант. Тоа се дињи, манго, киви и портокали.

Добро е и да се јаде овошје богато со витамин А, како и банани кои се добар антиоксидант.

Ако немате апетит…

Милкшејк од банана: се препорачува за луѓе кои немаат апетит после хемотерапијата.

Исечкајте една зрела банана, истурете чаша млеко и додадете неколку капки екстракт од ванила, а потоа изблендирајте во блендер додека не добиете пијалак со еднаква конзистентност.

Ако се приготвува со полномасно млеко содржи 255 калории и 9 гр протеини, а ако се подготвува со обезмастено млеко, калориската вредност е 190 калории по порција и 9 гр протеини.

Во овој шејк можете да додадете и грст или две боровинки или јаткасти плодови.

Млекото можете да го замените и со млеко од соја.

Смути од лубеница и краставици: одличен пијалак за луѓето кои се опоравуваат од хемотерапија.

Во блендерот додајте 500 гр лубеница, 250 гр излупена краставица, 100 гр целер и една лажица сок од лимон.

Добро измешајте да добиете хомогена смеса, а потоа додадете листови нане или семе од лен по желба.

Смути со зелен чај: Половина шолја замрзнати боровинки, половина шолја замрзнати јагоди и половина шолја разладен незасладен зелен чај треба истурете во блендер и додадете нешто помалку од шолја нискокалоричен јогурт и 2 лажици мелени семки, а потоа мешајте околу дваесет секунди.

Јогуртот може да се замени со млеко од соја.