Природен еликсир за желудникот oд само 3 состојки

Фото: Pexels
433

Еликсирот од брусница спречува надуеност, болки во стомакот после оброк, подригнување, силна стомачна киселина.


Гастритисот спаѓа во групата на најчести заболувања на гастроинтестиналниот систем, а претставува воспалителен процес на слузокожата на желудникот.

За среќа, постојат и народни рецепти кои можат да ги ублажат овие тегоби, а ние ви откриваме еден од нив.

Чај од брусници

Подготовка:

Две лажици суви брусници прелијте ги со 250 мл вода и варете.

Од моментот на вриење, варете уште 15 минути.

После тоа, додадете една лажица домашен мед и измешајте.

Напитокот треба да се пие топол, бидејќи тогаш е најделотворен.
Еликсирот од брусница спречува надуеност, болки во стомакот после оброк, подригнување, силна стомачна киселина.

Брусница, лековити својства

Брусницата е здрава нискокалорична храна, богата со влакна, витамини и минерали, меѓу кои преовладуваат витамините Ц, А, Е, минералите калциум, калиум, магнезиум и железо.

Богати се со антиоксиданти, на кои им ги должат своите моќни лековити својства.

Има антибактериско, антисептично, антиинфламаторно и диуретично дејство.

Консултирајте се со лекар пред употреба

И покрај сите овие лековити својства, треба да се внимава со употребата на производи од брусница.

Во поголема концентрација, брусницата има непожелни ефекти за пациентите со калцификации на бубрезите.

Поради поголемата концентрација на оксалат, може да има и лаксативно дејство.

Треба да бидат претпазливи пациенти кои се на терапија со варфарин, лица многу чувствителни на салицилати и лица кои користат лекови за лечење на простата и уринарна опструкција.