Природен тоник за срце по рецепт стар повеќе од 800 години

Фото: Pexels
998

Станува збор за вино од магдонос, еликсир за срцето кое во средниот век го измислила германската бенедиктинка и визионерка Хилдегард од Бинген, инаку позната како поддржувач на умерениот живот, природната храна и растителните лекови.

Во светот денес се зголемува бројот на луѓе кои најчесто поради зголемен стрес имаат проблеми со срцето, како што се аритмија, тахикардија или забрзана работа на срцето и ангина пекторис…

И додека медицината нуди бројни синтетички лекови за срцето, постои еден ефикасен природен рецепт стар повеќе од 800 години.

Станува збор за вино од магдонос, еликсир за срцето кое во средниот век го измислила германската бенедиктинка и визионерка Хилдегард од Бинген, инаку позната како поддржувач на умерениот живот, природната храна и растителните лекови.

Виното од магдонос, кое таа го смислила, е лек за најтешките срцеви заболувања, како и за ревматски болки и срцева слабост, а особено им се препорачува на постарите лица.

Овој Хилдегард тоник за срцето може да помогне и при стрес, како и зголемен замор и анксиозност.

Се препорачува и пти преоптоварување на срцето за време на сезоната на настинки и грип.

Интересно е што овој нејзин природен рецепт го прифатиле дури и лекарите, а гласот за него го проширила познатата австриска билкарка Марија Требен.

Состојките вклучени во овој лек за срце се вино (по можност домашно), магдонос, оцет и мед.

Вино – древен народен лек

Виното уште од многу одамна е познато како еликсир за здравје – важно е само да се биде умерен со неговата количина. Уште во библијата се спомнува „вино што го развеселува човечкото срце“.

Хилдегард исто така верувала дека умереното консумирање на домашно вино е составен дел од здравиот начин на живот.

Меѓу другото, таа верувала дека виното дополнително ја поттикнува циркулацијата.

Виното станува уште полековито ако му се додадат некои здрави билки. Во овој случај, тоа е магдоносот.

Магдонос – за циркулација и здрави крвни садови

Оваа зелена билка, освен што е одличен диуретик, богата е и со фолати (витамин Б9), кои помагаат во спречување на срцеви заболувања.

Фолатите, всушност, помагаат да се претвори хомоцистеинот, кој може да ги оштети крвните садови и да го зголеми ризикот од срцев удар, во бенигна молекула.

Магдоносот содржи и есенцијални масла, кои исто така имаат корисен ефект врз работата на срцето и циркулацијата.

За најдобри лековити својства, секогаш избирајте темно зелен свеж магдонос без жолти листови.

Мед – за понизок крвен притисок и регулација на отчукувањата на срцето

Во овој народен лек, медот се додава на виното и магдоносот. Овој популарен пчелен производ е одличен извор на антиоксиданти.

Според едно истражување, медот помага да се намали крвниот притисок, да се регулираат отчукувањата на срцето и да се спречи смртта на здравите клетки.

Благодарение на сето ова многу поволно делува на здравјето на срцето и крвните садови.

За рецептот на Хилдегард изберете висококвалитетен домашен мед бидејќи е најбогат со антиоксиданти, кои се клучни за кардиоваскуларното здравје.

Природен лек за срцето – рецепт за вино од магдонос

Состојки:

10 стебленца свеж магдонос
1 л домашно црвено вино
2 лажици вински оцет
300 гр мед

Приготвување:

Во тенџере истурете литар домашно вино и 2 лажици вински оцет. Додадете ги стебленцата од магдонос заедно со листовите, оставете да зоврие и да се вари околу 10 минути.

Потоа додадете мед и продолжете со готвењето уште 3-4 минути.

Процедете и истурете во стерилизирани шишиња. Добро затворете. Слободно можете да го консумирате и талогот што се создава.

Употреба:

Пијте 1-3 лажици вино од магдонос секој ден, додека не забележите подобрување.

Во случај на тешки срцеви заболувања, конзумирајте го овој напиток подолг временски период.

Во случај на палпитации на срцето, можете да пиете и поголеми количини од овој природен лек – додека срцето не се смири.

Земете вино од магдонос во случај на болка во пределот на срцето, палпитации, стегање во градите.

Овој природен лек е одличен и за несоница. За оваа намена испијте половина чаша пред спиење.

Ова вино е добра помош при хронични ревматски заболувања, како и при опоравување од срцев удар.

Ако сте загрижени затоа што медот треба да се вари, во овој случај тоа има добра причина.

Имено, со варење на медот во алкохол се создаваат добри состојки за срцето и циркулацијата – гликозиди.