Природни лекови за Хеликобактер пилори

Фото: Freepik
325

Хеликобактер пилори е незабележлива, упорна и може да биде деструктивна, но тоа не значи дека нејзиното лекување не е можно. Важно е да се открие вистински и ефикасен природен третман против Helicobacter pylori, особено затоа што отпорноста на антибиотици е во пораст во последните години.

Helicobacter pylori е бактерија со спирална форма која живее во желудникот и дванаесетпалечното црево. Желудочниот сок содржи дигестивни ензими и концентрирана хлороводородна киселина и на тој начин ја разградува консумираната храна и микроорганизмите кои се внесуваат преку неа. Заради високата киселост, до неодамна се сметало дека желудникот е стерилен и не содржи бактерии, но Helicobacter pylori дефинитивно го смени ова мислење. Имено, желудникот е заштитен од сопствениот желудочен сок со тенок слој на мукоза, кој ја обложува неговата внатрешна површина, но Хеликобактер пилори има моќ да ја надмине оваа заштита, со тоа што живее во самиот мукозен слој. Имуниот систем реагира на инфекцијата со Helicobacter pylori  создавајќи соодветни антитела, во почетокот IgA, а потоа IgG. Tие сепак тешко допираат до бактеријата бидејќи не можат да се пробијат низ мукозниот слој. Како последица на инфекцијата со Helicobacter pylori се јавува гастритис, чир на желудникот или на дванаесетпалечното црево, а во најлош случај и карцином на желудникот.

Како се пренесува бактеријата?

Бактеријата се пренесува орално, преку фекални остатоци кои може да се внесат преку храната (недоволно измиени салати и друг вид на зеленчук или овошје). Особено, во овој период од годината, кога  консумацијата на свежо овошје и зеленчук е зголемена, ризикот за пренесување на H. pylori е уште поголем. Исто така при подждригнување бактеријата може да се пренесе од желудникот во устата и на тој начин може да се пренесе директно, преку орален контакт.

Симптоми при инфекција со Helicobacter pylori

Најчестите симптоми кои укажуваат на инфекција со Helicobacter pylori се:

  • подждригнување;
  • чувство на надуеност;
  • болки во желудникот.

Пробиотиците се одлични за лекување на Helicobacter pylori

Антибиотиците може да бидат скапи и телото може да развие отпорност на нив. Ова не е случај со пробиотиците. Тие се поволна алтернатива за секој кој има проблеми со органите за варење, меѓу кои и со Helicobacter pylori.

Пробиотиците се одлична помош во борбата против оваа инфекција.

Неопходно е да се зголеми бројот на корисни бактерии во цревата, со што ќе се започне нормалниот процес на варење и ќе се ослаби Helicobacter pylori.

Lactobacillus fermentum, Lactobacillus casei и Lactobacillus bravis се најефективните пробиотски бактерии кои успешно се борат против ефектите на Helicobacter pylori.

За само шест недели растот на Helicobacter pylori ќе забави и ќе биде целосно уништен.

Пробиотиците, исто така, делуваат добро како превентивна мерка против чиревите и можат да помогнат во заздравувањето на постоечките чирови.

Можете исто така да земате додатоци на база на пробиотици по консултација со вашиот лекар.

Најдобар извор на пробиотски бактерии се млечните производи како јогуртот и кефирот.

Изберете производи со што е можно помалку млечни масти за да не го оптоварите дополнително стомакот.

Во чаша јогурт или кефир додадете малку овесна каша, што дополнително ќе го подобри функционирањето на дигестивниот систем.

Црн ким или црно семе како природен лек за Helicobacter pylori
Најчесто се користи како зачин, особено за печива, но има и значајни лековити својства.

2 г мелени семиња на ден прават чуда во борбата против Helicobacter pylori и делуваат подобро од конвенционалната антибиотска терапија и лековите за ослободување од желудочна киселина.

Семето на ова растение само по себе ја регулира количината на желудочната киселина и има заштитна улога во дигестивниот систем.

Тоа ги отстранува лошите бактерии од телото, како Helicobacter pylori, но и повеќето вируси и паразити.

Го забавува нивното ширење, а потоа активно ги елиминира.

Исклучително е добар за зајакнување на имунитетот, виталноста на организмот, а го намалува и лошиот холестерол и шеќерот во крвта.

Има и лаксативни својства, па може да го реши проблемот со хроничен запек.

Може да се најде во продавниците за здрава храна во форма на ладно цедено масло или есенцијално масло.

Истурете една лажичка семки во 1 дцл топла вода. Оставете ја течноста да зоврие половина час, па тргнете ја од шпоретот. Процедете и пијте по една доза дневно.

Маслиново масло за елиминирање на бактеријата
Моќните антиоксиданти и фитонутриенти во маслиновото масло го прават одлично оружје во борбата против Helicobacter pylori. Кога подготвувате здрави јадења, заменете го сончогледовото масло со ладно цедено девствено маслиново масло.

Многу брзо ќе забележите како таквиот чекор ќе влијае на дигестивниот систем.

Во стомачната киселина, маслиновото масло останува стабилно и ефикасно ослободува супстанции кои го запираат понатамошниот развој на бактериите.

Дури и ако се развие отпорност на антибиотици, тоа е ефикасно.

Ваквата промена во секојдневното подготвување на храната совршено ќе ги третира инфекциите предизвикани од бактеријата Helicobacer pylori.

Покрај елиминацијата на Helicobacter pylori, маслиновото масло дава одлични резултати во лекувањето на чир. Ова масло е добро и за вашиот стомак и за вашето срце.

Исто така, витаминот Е во него ги спречува абдоминалните тумори и го штити организмот од многу хронични болести.

Измешајте 500 гр кисело млеко со десет капки маслиново масло и додадете малку сечкан магдонос. Конзумирајте ја оваа смеса секое утро и секоја вечер.

Никулците од брокула ефикасно лекуваат Helicobacter pylori
Тие претставуваат новоизникнати растенија, стари само неколку дена. Содржат исклучително високо ниво на хемикалија на база на сулфур – сулфорафан.

Ова хемиско соединение е одличен антиоксидант и има способност да го детоксицира целиот организам.

Никулците од брокула се користат за подготовка на масла за надворешна употреба и додатоци за внатрешна употреба.

Според едно истражување, 78% од тестираните, по седум дена консумирање на пропишаната количина на никулци од брокула, повеќе немале Helicobacter pylori во телото.

Така органите погодени од оваа бактерија се детоксифицираат и се обновуваат од дејството на истата.

Во принцип, брокулата ќе ви обезбеди солидна заштита од срцеви заболувања, ќе го подобри варењето, ќе се бори против ракот и ќе ги ублажи различните видови на воспаленија.

Сосема заслужено го носи епитетот супер храна.

Обезбедува широк спектар на хранливи материи и исто така има корисен ефект врз вашиот гастроинтестинален тракт.

Можете да јадете никулци од брокула како здрава ужина или да ги користите како состојка во хумусот.

Црвено вино за лекување на Helicobacter pylori
Позитивното дејство на црвеното вино врз здравјето на луѓето е познато уште од многу одамна. Компонентите содржани во виното имаат антибактериски својства, како што се одредени витамини, минерали и шеќери.

Ако пиете неколку чаши квалитетно црвено вино неделно, го намалувате ризикот од чир.

Поточно, само една чаша дневно навистина дава позитивен ефект. Целосно ќе се ослободите од Helicobacter pylori, која е главната причина за чир.

Покрај тоа, црвеното вино подеднакво ефикасно ги елиминира бактериите на ешерихија коли и салмонела.

Покрај поволното дејство на органите за варење, виното е важно и за неутрализирање на токсините присутни во одредени намирници, за неутрализирање на штетните хемикалии во црвеното месо, за ублажување на анксиозноста и стресот и за подобрување на функцијата на срцевиот мускул.

Препорачуваме вина со пониска содржина на алкохол во нивниот состав.

Лукот го блокира дејството на Helicobacter pylori
Ова растение е совршен антиинфламаторен лек и е природен антибиотик. Без разлика на мирисот и аромата кои некои луѓе не ги сакаат, неспорно е дека е еликсир на здравјето.

Токму овие карактеристики на лукот ги стимулираат жлездите во желудникот и цревата.

Тие ѝ помагаат на цревната флора и ги бркаат штетните бактерии, како Helicobacter pylori.

Поради влијанието на сулфурното соединение, алицин, од лукот, се блокира дејството на Helicobacter pylori.

Лукот е одговорен и за зајакнување на концентрацијата и ни помага да се бориме против стресот.

Помага да се обноват оштетените клетки во телото, вклучително и ДНК. Го зајакнува срцето и овозможува непречен проток на крв низ крвотокот. Јадењето и свеж и варен лук ќе помогне да се убие Helicobacter pylori.

Земањето две чешниња за време на ручекот или вечерата е идеална мерка за успешна редукција на овој предизвикувач на инфекција на гастроинтестиналниот тракт.

Жалфијата го намалува влијанието на Helicobacter pylori
Жалфијата е едно од најстарите лековити растенија и ароматичен зачин. Има остар мирис и горчлив вкус. Тоа е природен антибиотик со широк спектар на дејство. Делува како антисептик и антимикробно средство.

За лекување се користат листовите од ова растение кои се чуваат во стаклени тегли или платнени кеси на суво и темно место. Жалфијата дава многу придобивки за дигестивниот систем и го намалува влијанието на Helicobacter pylori врз телото.

Не може да го убие како некои други природни лекови, но може да го спречи да се шири на подолг временски период. Ги ублажува воспалените црева и желудникот и ги лекува грчевите и абдоминалните болки, кои се појавуваат како симптоми на инфекцијата предизвикана од бактеријата Helicobacter pylori.

Жалфијата се користи во форма на чај, тинктура или есенцијално масло за решавање на стомачни проблеми. Може слободно да се комбинира со други видови лековити растенија.

Измешајте 40 гр жалфија, 40 гр листови од бел слез, 10 гр камилица и 10 гр матичен млеч. Три лажици од оваа смеса прелијте ги со ладна вода и оставете да отстои.

Загрејте ја водата додека не зоврие, па варете ја уште најмалку 5 минути. Пред секој главен оброк испијте една чаша од оваа подготвена течност.

Корисни совети

Избегнувајте кофеин и газирани пијалаци.

Особено е опасно да ги пиете на празен стомак. Наместо кафе и кока-кола, пијте свежо цеден сок, смути или чај.

Не јадете премногу зачинета и мрсна храна.

Кога додавате зачини, бидете умерени. Посебно внимавајте на зачините кои додаваат пикантност на храната. Користете здрави масла за готвење, како што се маслиново, кокосово и бадемово масло.

Внимавајте на хигиената.

Не заборавајте да ги миете рацете после јадење и по користење на тоалетот. Секогаш носете со себе влажни марамчиња или антибактериско средство за суво миење раце, доколку немате при рака чешма. Посветете им посебно внимание на децата и научете ги уште од мали нозе колку е хигиената важна за здравјето.

Јадете само храна која е подготвена на безбеден начин.

Многу е важно храната од која го правите оброкот да биде добро измиена и термички обработена. Избегнувајте индустриски готови оброци и преработена храна полна со сол, шеќер, конзерванси и транс масти. Најдобро е сами да го подготвите тоа што ќе го јадете.

Пијте само чиста, филтрирана вода.

Верувале или не, недоволно чистата вода е причина број еден за смртност во светот. Без разлика дали сте стари или млади, исклучително е важно да пиете вода која нема да има негативно влијание врз вашето здравје. Нечистата вода може да биде извор на бактеријата Helicobacter pylori.

Работете на намалување на стресот.

Без разлика кои симптоми ја придружуваат инфекцијата, стресот само ќе придонесе за нивно влошување. Воведете неколку дневни рутини кои многу ќе ви помогнат да се ослободите од стресот. Некои од нив може да бидат вежбите за длабоко дишење или медитација.

Кога треба итно да одите на лекар?
Доколку симптомите, кои претходно ги споменавме, траат со денови, тоа е повеќе од доволна причина за посета на лекарска ординација.

Доколку забележите нагло влошување на вашата здравствена состојба во вид на остри и многу силни стомачни болки, крвава и црна столица или појава на крв по повраќање, не чекајте, туку веднаш одете на лекар. Овие можат да бидат знаци на сериозни проблеми, па затоа е важно да побарате помош што е можно поскоро.

Што ќе се случи со организмот ако не се лекува бактеријата?
Игнорирањето на симптомите кои потекнуваат од активноста на Helicobacter pylori, како и несоодветниот третман, може да доведе до сериозни компликации кои дополнително може да го загрозат вашето здравје.

Внатрешно крварење се јавува ако пукне чирот, предизвикан од Helicobacter pylori.

Анемијата е сериозен фактор на ризик, бидејќи недостатокот на железо ги зголемува шансите за чиреви и крварење.

Настанува опструкција, кога препрека како што е туморот го блокира понатамошниот проток на храна од вашиот стомак. Можен е и перитонитис, односно воспаление на серозната мембрана што ја обложува абдоминалната празнина и внатрешните органи.

Хеликобактер пилори е незабележлива, упорна и може да биде деструктивна, но тоа не значи дека нејзиното лекување не е можно
Развојот и ефектот на Helicobacter pylori врз човечкиот дигестивен тракт е многу важна тема за здравството, бидејќи е многу честа појава.

Во повеќето случаи, прогнозата за Helicobacter pylori е доста добра.

Многу инфекции предизвикани од оваа бактерија се благи и не се опасни по живот.

Има неколку симптоми, но многу е веројатно дека нема да имате ниту еден од нив, доколку имате Helicobacter pylori во гастроинтестиналниот тракт.

Важно е да се открие вистински и ефикасен природен третман против Helicobacter pylori, особено затоа што отпорноста на антибиотици е во пораст во последните години.

Луѓето воопшто не се свесни дека кај нив се развива хеликобактер пилори, па мислат дека нарушувањето на нивната здравствена состојба потекнува од некоја друга причина.

Она што навистина им треба е адекватна терапија за лекување на Helicobacter pylori, која може да содржи специјални лекови, но и лекови кои се сосема природни.

Откако ќе се утврди дали во вашиот случај хеликобактер пилори е одговорен за појавата на болестите, можете лесно да ја излечите и да го прекинете нејзиното влијание врз вашето тело.

Ако негувате здрави навики и добра хигиена, ќе ги заштитите вашите деца и себеси од потенцијални инфекции.