Природни средства против комарци: Досадните инсекти ќе бегаат, а вие ќе си ја нахраните кожата

Фото: Pexels
487

Постојат многу природни препарати и методи со кои можете да се заштитите од комарци. За некои веројатно веќе знаете, ама ние откривме уште некои од кои комарците бегаат, а нашата кожа се храни

Ако има нешто што може да ви го расипе уживањето во летната вечер на отворено, тоа се досадните комарци. Но, за да се заштитите, не мора да купувате скапи заштитни средства или да ги ловите со тепалка, туку може да се заштитите на природен начин. Најдовме неколку природни средства за заштита од комарци кои истовремено и ја негуваат вашата кожа, ја прават миризлива и ги одбиваат омразените летни предатори.

Постојат многу природни препарати и методи со кои можете да се заштитите од комарци.

Банана
Освен што се здрави и ве одржуваат сити, бананите се одлични за вашата кожа, а комарците ги мразат. Изедете ја бананата и втријте ја внатрешноста на лушпата на рацете и нозете.

Лаванда
Мирисот на лаванда е прекрасен, а комарците едноставно не го поднесуваат. Додадете неколку капки есенцијално масло од лаванда во маслиново, бадемово или бебешко масло и премачкајте го по целото тело. Маслото ќе ја направи вашата кожа мека и ќе ве заштити од летните предатори.

Лимон или лимета
Цитрусовите плодови се совршени за лето. Полни се со витамини, совршен додаток на освежителните пијалаци, но се и одлични борци против комарците, а делуваат и против убоди. Исечете парче лимон, исцедете го во пијалак или направете лимонада, а со внатрешноста намачкајте ги деловите каде што обично нанесувате парфем. Исто така, ако веќе ве искасале комарци, намачкајте се на местата кадешто ве искасале комарците и непријатното чешање ќе исчезне.

Босилек против комарци
Комарците не можат да го издржат мирисот на овој омилен зачин, а бројни студии покажуваат дека есенцијалните масла кои се наоѓаат во босилекот се токсични за ларвите на комарците.

Јаболков оцет
Јаболковиот оцет е одличен од повеќе причини – го забрзува метаболизмот, ја прави косата посјајна и го спречува чешањето на кожата по каснување од комарец. Потопете памук во оцет и нанесете го на делот од телото што ве чеша.

Чуваркуќа

Поради своите антиинфламаторни и антисептички својства, оваа билка е одличен природен лек за каснување од комарец, доволно е да ја премачкате кожата со сок од чуваркуќа или да нанесете облог од пресечено ливче.

Постојат и билки чии силни мириси ефикасно се борат против комарците и кои не се непријатни за нашиот нос.