Природно лекување на пневмонија: Неколку рецепти од нашите баби за воспаление на белите дробови

Фото: Pixabay
2.735

Во овој период на настинки и вируси кога секој втор кашла, кива или има посериозни респираторни проблеми, не е лошо да се потсетиме на старите народни рецепти за природни лекови

Болка во градите и мускулите, силна и постојана кашлица, отежнато дишење, главоболка и висока температура или грозница проследена со тремор – сето тоа се симптоми на воспаление на белите дробови или пневмонија.

Пневмонијата ги зафаќа алвеолите, малите воздушни кеси кои се полнат со течност или гној, што резултира со отежнато дишење.

Оваа болест ги погодува дури и младите и здрави луѓе, а кога станува збор за оние со многу слаб имунитет и лошо здравје, пневмонијата може да биде дури и фатална.

Токму затоа е важно не само да се зајакне имунитетот, туку и да се исчистат белите дробови од вишокот слуз и токсини.

Со конзумирање на чаеви направени од лековити растенија, не само што ќе ги зајакнете и исчистите белите дробови, туку ќе имате позитивен ефект врз целото тело.

Важно е да внимавате и на исхраната – консумирајте што повеќе зеленчук и овошје богати со витамин Ц, топли супи од зеленчук со зачини, како куркума и каенски пипер.

„Вооружете се“ со сиров лук. Овој популарен зачин и лек, кој има силни антибиотски и антиинфламаторни својства, помага во исфрлањето на слузта и го забрзува закрепнувањето. Јадете неколку чешниња секој ден!

Ѓумбирот денес е исклучително популарен и со него можете да направите чај со мед и лимон, а можете да го додадете и во вашите оброци.

Практикувајте и инхалации со лековити билки, како што се ловор, борови иглички, жалфија, за да го олесните дишењето.

Ако сте заработиле пневмонија, дознајте кои се природните рецепти од нашите баби кои ќе ви помогнат во закрепнување на вашите бели дробови.

Бел слез

Белиот слез е лековито растение кое е одлично за сите респираторни заболувања, како што се белодробен катар, кашлица и бронхитис.

Неговата тајна лежи во тоа што го премачкува грлото со слуз што ја смирува иритирачката и сува кашлица и засипнатост.

Чајот од бел слез (лат. Althaeae radix) се подготвува така што 1 лажица сув бел слез се прелива со 200 мл ладна вода.

Оставете го да отстои неколку минути и процедете.

Црвен кромид, мед и лимон

Нашите баби навистина знаеле што навистина помага при пневмонија.

Состојките што ќе ви бидат потребни за овој стар рецепт се ½ кг црвен кромид, 2 средни лимони, 7 лажици мед, како и литар ипол филтрирана вода.

Во тенџере ставете половина од еден лимон и ситно исечканиот црвен кромид и пропржете. Потоа додадете вода и варете додека не испари една третина од течноста.

На крајот додадете го медот и остатокот од лимонот и сè убаво измешајте. Оставете ја оваа смеса да отстои преку ноќ. Следниот ден се цеди и се прелива во тегла.

Земете 1 лажица од овој природен лек пред секој оброк.

Црна ротквица и мед

Црната ротквица и медот се навистина извонредна комбинација за здравјето на белите дробови. Можете да ја исчистите и изрендате црната ротквица и да ја прелиете со мед, а потоа да ја консумирате.

Можете да подготвите и природен лек за белите дробови така што ќе го исечете врвот на црната ротквица и ќе ја издлабите. Наполнете ја средината со мед (не до врвот), покријте и оставете да отстои 12 часа. Потоа консумирајте.

Овој народен лек направен од црна ротквица и мед и денес многу луѓе го подготвуваат како помош при пневмонија, бронхитис и други респираторни проблеми.

Облоги од рен

Ренот е природен лек кој благотворно делува на сите болести на респираторниот систем, вклучително и пневмонијата.

Можете да го изрендате и да го ставите во памучна крпа или газа и да го ставите на градите. Оставете го да делува некое време.

Од рендан рен можете да подготвите и лековит чај кој ќе ви го олесни дишењето.