Протеинска бомба: Летна салата одлична за сите, особено за оние со целијакија и за вегетаријанци

Фото: Freepik
398

Лесна и свежа салата од наут и фета сирење е одличен ручек со кој поради количината на влакна и протеини ќе се чувствувате сити цел ден

Наутот можеме да го јадеме самостојно, варен или печен. Совршен сојузник е со другите намирници и можеме да го користиме во секоја сезона. Нуди вистинско мало нутритивно богатство.

Најдовме одличен летен предлог за денешното мени – освежителна салата од наут и фета сирење која поради количината на влакна и протеини, ќе ве држи сите целиот ден.

Состојки за салата:

450 гр варен наут
170 гр краставица, излупена и исечена на коцки
40 гр ситно сечкан црвен кромид
2 лажици мелен копар
2 лажички мелено нане
6 супени лажици екстра девствено маслиново масло
2 лажици свеж сок од лимон
3-4 лажички црвен вински оцет
100 гр здробено фета сирење
сол и црн пипер

Приготвување:

Ставете ги сите состојки за салата во сад и измешајте. Салатата можете да ја оставите да се маринира околу еден час во фрижидер за појак вкус.

Не заборавајте, наутот мора да се накисне! Имаме и трик ако случајно заборавите да го направите ова од вечер.

Најпрактичен период за натопување наут е навечер. Колку подолго го киснете, толку пократко ќе го готвите. Добро исплакнете го пред да го зготвите. Ако сте заборавиле да го натопите претходниот ден (на сите ни се случува), искористете го овој трик – додадете малку сода бикарбона во водата за наутот подобро да ја впие водата. Користете околу 1 лажичка сода бикарбона за секои 3 шолји сув наут.