Пуст да е пуст да би останал животот камперски!
Дури и на вакви температури, летото е сепак нашето омилено годишно време. Очигледно и на овие наши читатели кои на продолжен викенд во камп „маки мачат“ со разни вкусни и чудни комбинации кои можеби не се „нутриционистички подобни“, ама им прават ќеф.
Можеби е жешко, ама летото е сепак нашето омилено годишно време, создадено за вакви слатки маки и најлуди комбинации кои можеби не се „нутриционистички подобни“, ама прават ќеф, особено кога сте во камп.
Така, нашите читатели Ана и Стефан, кои се на продолжен викенд во кампот „Љубаниште“, максимално уживаат во одморот и во жештините кои очигледно, полесно се поднесуваат со по една чаша мохито со мраз и со лимон.
Инаку, нивната необична комбинација за денешниот ручек е токму оваа салата со кашкавал, сирење, патлиџан, краставица, босилек, суви сливи, зачинета со прелив од балсамико.
За љубителите на салати, еве уште една идеја како може да си направите комплетен оброк во една чинија.