Разновидната исхрана која вклучува различни бои на храна обично обезбедува широк спектар на хранливи материи кои се неопходни за одржување на здравјето. Нутриционистите препорачуваат пет порции овошје и зеленчук дневно и тоа во жолто-портокалова, црвена, зелена и сино-виолетова боја.
Бојата на храната често може да даде индиции за нејзината хранлива вредност и содржината на хранливи материи. Различните бои на овошјето, зеленчукот, житарките и другата храна обично укажуваат на присуство на одредени хранливи материи, витамини, минерали и антиоксиданти. Разновидната исхрана која вклучува различни бои на храна обично обезбедува широк спектар на хранливи материи кои се неопходни за одржување на здравјето. Нутриционистите препорачуваат пет порции овошје и зеленчук дневно и тоа во жолто-портокалова, црвена, зелена и сино-виолетова боја.
Опуштањето за време на годишниот одмор нема да воспостави контрола врз високиот холестерол и крвниот притисок, но белата храна како лукот секако благотворно ќе влијае на решавањето на вашиот здравствен проблем.
Доколку на вашето мени додадете јаболка и круши, ќе се погрижите за правилен физиолошки развој на клетките во вашето тело, одржување на хормоналната рамнотежа и побрзо зараснување на раните.
Што ви кажува бојата на храната?
Со сината против отрови
Сината храна ја подобрува циркулацијата и е ефикасно средство во борбата против запек, а го ослободува телото од токсините и другите штетни материи кои се таложат во организмот. Богати се со калиум, па ја олеснуваат циркулацијата и помагаат во нормализирање на крвниот притисок. Сината храна вклучува црно грозје, боровинки, сливи и модри патлиџани.
Жолтата боја го зајакнува имунитетот
Жолтата храна е идеална за нашата кожа, го штити телото и го зајакнува имунитетот. Оваа храна има бета-каротин, кој помага да се спречи предвременото стареење, да се одржи тенот на нашата кожа и да се направи поеластична. Содржи многу витамин Ц, кој го зајакнува имунитетот и помага во борбата против вирусните инфекции. Тука спаѓаат бананите, праските, пченката, пиперките и јајцата.
Зеленилото штити од тумори
Земањето големи количини зелена храна, како што се блитвата, спанаќот, брокулата, кељот, зелката, боранијата и грашокот, во голема мера ја намалува можноста за појава на тумори во хранопроводникот, желудникот, панкреасот, бубрезите и црниот дроб. Доколку не сте љубители на зелените намирници, обидете се барем да го воведете како прилог со риба или да воведете ден за одмор од брзата храна.
Портокалова за заштита на кожата
Портокаловата храна, како што се моркови, дињи, кајсии и портокали, е богата со бета-каротен, пигмент потребен за одржување на здрава кожа и заштита од срцеви заболувања. Ја намалува склоноста кон брчки и ја прави кожата поотпорна на штетното сончево зрачење. Во оваа група спаѓа и лососот, чии амино киселини, минерали и омега 3 масни киселини имаат антиинфламаторно и антиалергиско дејство.
Кафеавата го чисти организмот
Кафеавата храна ја вклучува целата храна направена од интегрално брашно, црн леб, темни тестенини, грав, смокви, печурки, јаткасти плодови и суво овошје. Кафеавата храна е богата со витамин Б и растителни влакна, кои помагаат во регулирањето на функцијата на цревата и го прочистуваат телото од насобраните токсини и го намалуваат ризикот од развој на тумори.
Црвената храна ги штити крвните садови
Црвената храна, од домати до лубеница, помага во зачувување на здрава и убава кожа, ја стимулира циркулацијата, го намалува холестеролот и ризикот од кардиоваскуларни болести и срцеви заболувања, го стимулира метаболизмот, има антиинфламаторно дејство и се бори против тумори. Тука спаѓа и црвеното месо кое не смеете да го избегнувате бидејќи е неопходно за правилен развој и созревање на црвените крвни зрнца. На возрасните им се препорачува и чаша црвено вино дневно, што е добро за зачувување на крвните садови.
Белата боја го победува холестеролот
Лукот е бела храна која помага во борбата против високиот холестерол, ја регулира проодноста на артериите и го контролира крвниот притисок. Млечните производи се важен извор на калциум кој ги зачувува коските и зглобовите и штити од остеопороза. Голема количина на протеини има и во белото месо, пилешкото и мисиркиното месо.