Рецепт за Дубаи палачинки

Фото: Pexels
40

По популарноста на Дубаи чоколадото, еве уште еден сладок Дубаи рецепт за палачинки.

Слатките вкусови на Блискиот Исток стигнаа и до нашата земја, носејќи ни ги ултравиралните Дубаи палачинки.

Овој деликатес содржи егзотични состојки како урми, ореви или ф’стаци и зачини, создавајќи уникатна комбинација која ќе ве пренесе директно во срцето на Емиратите.

Со правилна комбинација на кремасти преливи и зачински ноти, овие палачинки се совршен избор за појадок или за ужина. Во продолжение дознајте како се подготвуваат.

Состојки:

1 чаша брашно
2 јајца
1/2 чаша млеко
1/2 чаша јогурт
1 лажичка прашок за пециво
1/4 чаша стопен путер
2 лажички шеќер
1/2 лажичка кардамон во прав
Прстофат сол

За филот и преливот:

1/4 чаша сечкани урми
1/4 чаша ситно сечкани ореви или ф’стаци
1 лажичка мед или сируп од агава
1/2 чаша грчки јогурт
Неколку пржени ф’стаци за декорација

Подготовка:

Во поголем сад измешајте ги сите суви состојки: брашно, прашок за пециво, кардамон, шеќер и сол.
Во друг сад изматете ги јајцата со млекото, јогуртот и стопениот путер.
На сувите состојки постепено додавајте ги влажните состојки, мешајте додека не добиете изедначена смеса.
На средно-силен оган загрејте ја тавата со малку путер. Истурете мала количина од смесата, формирајќи мали палачинки.
Печете ја секоја палачинка околу 2-3 минути од секоја страна додека не порумени.
За филот измешајте сечкани урми и ореви или ф’стаци со мед или сируп од агава. Ставете ја оваа смеса во секоја палачинка пред да ја преклопите.
На крај, палачинките покријте ги со кисела павлака или грчки јогурт, посипете ги со пржени ф’стаци и уживајте!