Рецепт за најубавиот џем од тиква

Фото: Pexels
217

Ако го подготвите овој исклучителен џем од есенската кралица – тиквата, можете да го користите за палачинки, во колачи, но и со леб и путер за незаборавен појадок.


Овој џем од тиква лесно се подготвува и не бара долго варење. Не можете да го чувате долго, затоа ви препорачуваме да го чувате во мали теглички и да го чувате во фрижидер.

По желба можете да додадете пектин во џемот и да го чувате подолго на ладно и суво во стерилизирани тегли. Од зачини додадете цимет и ѓумбир – тиквата одлично оди со нив.

Батернат тиквата е најдобриот избор за овој вид џем.

Состојки:
Пире од тиква 1 кг
Сок од 1 лимон

Шеќер 1 чаша
Екстракт од ванила 2 лажички
Цимет 3 лажички
Ѓумбир во прав 1 лажиче

Приготвување:

Во сад се става пирето од тиква и се вари заедно со зачините и шеќерот. Додадете го сокот од лимон и продолжете со готвење додека не се згусне.

Сè уште врелиот џем ставете го во стерилизирани тегли, оставете на собна температура да се излади и чувајте го во фрижидер.

По желба можете да употребите и пектин кој ќе овозможи побрзо згуснување на џемот. Така ќе го скратите времето за варење. Вие бирате – природно или брзо…