Рецепт за вегански мајонез кој ќе биде готов за помалку од 10 минути

Фото: Freepik
102

Во лето и поради страв од можни инфекции, многумина избегнуваат да подготвуваат храна од сирови јајца. Но, тоа не мора да ве спречи да уживате во добар мајонез.


Мајонезот е одличен додаток на многу јадења.

Може да биде одличен сос за разни салати, пржени компири и месо или неодолива состојка во добар сендвич.

Но, во лето и поради страв од можни инфекции, многумина избегнуваат да подготвуваат храна од сирови јајца.

Сепак, тоа не треба да ве спречи да уживате во добар мајонез.

Ви пренесуваме рецепт за вегански мајонез од YouTube каналот Good Eatings.

Се разбира, не содржи јајца, додека млекото од соја во комбинација со сончогледово масло му дава убава текстура.

Состојки за вегански мајонез:
120 мл растителен напиток од соја
180 до 240 мл сончогледово масло
1 и пол лажица јаболков оцет
½ лажица јаворов сируп или мед
прстофат сол

Приготвување:

Помешајте ги млекото од соја, јаболковиот оцет, мед и сол во длабок сад.

Добро измешајте ги сите состојки.
Почнете да ја мешате смесата со постепено долевање на сончогледовото масло.
Може да направите мајонез и во класичен блендер.
Повеќе масло ќе ви даде погуст и кремаст мајонез.

Сами одлучувате дали сакате да додадете повеќе или помалку масло во овој фин сос по сопствен вкус.
Имајте на ум дека мајонезот ќе се згусне и кога ќе го ставите во фрижидер.
Кога ќе добиете мајонез со соодветна текстура, префрлете го во тегла и ставете го во фрижидер најмалку 15 минути пред употреба.
Вака подготвениот мајонез може да трае до 2 недели во фрижидер.