Зошто е добро да користите сусам секој ден?

Фото: Pexels
217

Семето од сусам содржи и две уникатни соединенија од групата лигнани: сесамин и сезамолин, кои го намалуваат нивото на лошиот холестерол и штитат од висок крвен притисок.


Сусамот е еден од најстарите зачини во светот.

Записите потврдуваат дека 3500 години п.н.е. постоеле култури на сусам покрај реките Еуфрат и Тигар.

Ова растение долго време се користи во древните медицински традиции во дел од светот.

Ајурведските медицински препарати и кујна се незамисливи без сусам, а маслото од сусам е незаменлива состојка во ајурведските масажи.

Практично, исклучително лековитото масло се добива со пресување на семките сусам.

Денес, сусамот и неговото масло се користат во готвењето, медицината и козметиката.

Иако поради својата хранлива вредност заслужува да биде на самиот врв на најценетите намирници, кај нас слабо се препознаваат неговите лековити својства.

Еден од најдобрите извори на калциум

Со консумирање на сусам го заштитувате и зајакнувате организмот и го збогатувате со важни хранливи материи.

Иако семето од сусам е исклучително мало, има голема хранлива вредност.

Сусамот содржи витамини А, Б1, Б2, Б6 и Е, незаситени масни киселини, минерали, протеини, железо, магнезиум, манган, цинк, калциум, фосфор и калиум.

Семето од сусам содржи и две уникатни соединенија од групата лигнани: сесамин и сезамолин, кои го намалуваат нивото на лошиот холестерол и штитат од висок крвен притисок.

Покрај тоа, овие семиња се еден од најдобрите извори на калциум во светот.

На пример, една лажица сусам без лушпа содржи дури 88 мг калциум.

Масло од сусам – ризница на благосостојба за млади и стари

Маслото од сусам, како и семките, е богато со хранливи материи и разноврсно во неговата примена.

Се користи во готвењето, за масажа и нега на кожата.

Вреди да се спомене дека маслото е благо и со него може да се негува и детската кожа.

Маслото од сусам е незаменлив дел од ајурведските терапии.

Во Ајурведата го нарекуваат „крал на сите масла“ и веруваат дека го зајакнува и чисти телото и го поттикнува правилното функционирање на сите внатрешни органи.

Во многу делови на Индија, маслото од сусам се смета за света храна и се користи во духовни церемонии.

Маслото од сусам е богато со витамин Е, железо, омега-6 масни киселини, витамин Б6, магнезиум и калциум. Има антибактериски, антиинфламаторни и антигабични својства.

Има затоплувачки и смирувачки својства и ја балансира вата дошата.

Новороденчињата и малите деца исто така можат да имаат корист од употребата на масло од сусам.

Според Ајурведата, ова масло ги зајакнува коските, мускулите и лигаментите.

Ова е причината зошто секое индиско семејство редовно го масира своето дете со масло од сусам, а потоа го изложува на сонце за да може кожата да го апсорбира витаминот Д заедно со маслото од сусам.

Негата на кожата со масло од сусам ја подмладува кожата, ги измазнува брчките, штити од ефектите на УВ зраците и ги намалува акните и псоријазата.

Лековити својства на семето од сусам

Со оглед на високата хранлива вредност, сусамот и маслото од сусам помагаат при бројни болести и тегоби.

Големите количини на магнезиум во семето од сусам позитивно влијаат на високиот крвен притисок и го зајакнува кардиоваскуларниот систем. Исто така, магнезиумот го регулира шеќерот во крвта и го спречува развојот на дијабетес.

Со редовно консумирање, сусамот го штити вашето тело на многу начини:

го намалува крвниот притисок
штити од рак
го подобрува здравјето на коските
го регулира варењето
се грижи за кожата и косата
го регулира шеќерот во крвта и го спречува развојот на дијабетес
го намалува воспалението и спазмите предизвикани од ревматоиден артритис
го штити телото од штетните ефекти на зрачењето

Разновидноста на витамини и минерали кои се составен дел на сусамот обезбедуваат силна заштита од рак и го штитат организмот од надворешни штетни ефекти.

Цинкот, калиумот и фосфорот го подобруваат здравјето на коските. Секојдневното консумирање сусам се препорачува за луѓе кои имале чести скршеници и повреди.

Исто така, високата пропорција на бакар го намалува воспалението во коските, зглобовите и мускулите.

Лековитата вредност на сусамот е голема и на полето на оралното здравје – сусамот штити од бактеријата стрептокока, која се наоѓа во забниот плак и во самата плунка.

Сусамот содржи органско соединение сезамол, кое ја штити ДНК од штетните ефекти на зрачењето.

Примена во готвењето

Семето од сусам можете да го консумирате на различни начини.

Еден од поедноставните начини е да ги додадете во салати, супи, варен зеленчук или да ги додадете во смути.

Семките можете да ги додадете и во смесата за леб или во други печива што ги подготвувате дома.

Ако сакате блага арома на орев, лесно пропржете ги семките во тава.

Пред употреба, црниот сусам оставете го во вода преку ноќ, а потоа додадете го во јогурт, смути или кое било друго јадење по ваш избор.

Кое јадење и да го одберете, со додавање на сусам сигурно ќе постигнете полнота на вкусот и ќе го збогатите јадењето, а со секојдневно консумирање долгорочно ќе го заштитите вашето тело.

Намаз од сусам

Можете да додадете сусам и во намазите.

Таанот и хумусот се исклучително хранливи и лесни за подготовка.

За таанот се потребни две главни состојки: сусам без лушпа и маслиново масло.

Семките се пржат десетина минути со постојано мешање, а потоа се ставаат во блендер заедно со 2-3 лажици маслиново масло.