Рецепт за вкусен леб од леќа

Фото: Мартин Богатиноски
106

Одличен е за оние кои не поднесуваат глутен бидејќи се прави со леќа наместо со брашно. Полн е со протеини и со влакна, а оние кои веќе го испробале велат дека е превкусен

Овој леб е богат со протеини бидејќи и леќата и јајцата се одличен извор на протеини.

Исто така, леќата е одличен начин за добивање влакна, кои помагаат во варењето.

Овој рецепт има малку јаглехидрати, што го прави добар избор за луѓето кои се на диети со ниски јаглехидрати.

Одличен е за оние кои не поднесуваат глутен бидејќи се прави со леќа наместо со брашно, па не содржи глутен.

Состојки:

180 г црвена леќа

2 јајца

100 мл јогурт

20 мл маслиново масло

1 прашок за пециво

малку сол (по вкус)

1/2 лажичка лук во прав

30 г рендан пармезан (наместо пармезан, можете да користите и некое друго тврдо сирење)

1 лажица сечкан магдонос

1 лажица сусам за поросување

Приготвување:

Во сад ставете 180 грама леќа, покријте ја со вода и оставете ја да кисне најмалку 1 час.

Потоа исплакнете ја и исцедете ја.

Направете го тестото такашто со рачен блендер ќе ги измешате натопената леќа, 2 јајца и 100 грама јогурт.

Додадете ги солта, лукот и сирењетоПосипете малку сол, 1/2 лажичка сув лук, 30 гр рендан пармезан и 1 лажица сечкан магдонос. Убаво измешајте.

Во смесата ставете 10 грама прашок за пециво и 20 милилитри маслиново масло. Мешајте додека сè не се изедначи убаво.

Тавата за печење премачкајте ја со растително масло, истурете ја смесата и рамномерно распоредете ја.

Поросете 1 лажица сусам одозгора.

Печете го лебот во загреана рерна на 180 степени околу 40-45 минути или додека горниот дел не добие златна боја, а чепкалката со која ќе боцнете во средината не излезе чиста.

Оставете го лебот малку да се излади пред да го исечете.

Дополнителни совети:

Ако тестото е премногу густо, додадете уште малку јогурт или вода.

Потопувањето на леќата во вода ја прави мека, полесна за блендирање и за варење.

Рецептот за овој леб од леќа е од ТУКА.