Рециклирање дома: 4 едноставни совети за зачувување на планетата

Фото: Pexels
461

Кај нас, за жал, иницијативите за соодветно собирање и депонирање на отпадот, траат кратко, па така и социјалното претпријатие РЕДИ Рециклажа пред извесно време ги повлече кантите за селекција на отпад од своите корисници.
Не се откажувајте, бидете промената што сакате да ја видите во светот, а пред се’, во нашата држава и рециклирајте дома со помош на овие едноставни четири совети.

Преполните депонии за ѓубре станаа вообичаена слика за сите поголеми градови. Официјалната статистика за депонирање на отпадот во Европската унија предвидува дека едно лице создава приближно пет тони отпад годишно, од кои само 37 отсто се рециклира. Во екот на зголемените климатски промени и зголемувањето на загадувањето на скапоцените ресурси како што е водата, неопходно е да се сменат некои животни навики и да се премине кон одржлив развој. Едно од решенијата е рециклирањето на отпадот, што секој од нас може да го направи дома и тоа, уште денес. Ако не сте сигурни како да рециклирате, еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ја заштитите животната средина.

Намалете, повторно употребете, рециклирајте!
Намали, повторно употреби и рециклирај се мото на сите еколошки свесни луѓе, а со негова примена може да се намалат значителни количини отпад.

Можете да го постигнете ова ако:
Купувате производи кои се направени од нетоксични и рециклирани материјали,
Избегнувате користење на пластична амбалажа за еднократна употреба, како што се флаширана вода и пластични кеси за пазарење, дајте им предност на производите во стаклена и хартиена амбалажа и носете платнена кеса со вас кога купувате, која можете да ја користите трајно,
Користете пакување што можете повторно да го употребите или да го пренамените, на пример, можете да користите празна тегла за џем како сад за зачини, компост органски отпад.

Информирајте се за процесот на рециклирање
Понекогаш процесот на рециклирање може да предизвика голема штета на животната средина ако вклучува материјали кои не се соодветни за рециклирање. Во овој случај, важно е да бидете правилно информирани и да избегнувате купување на такви рециклирани производи и да им дадете предност на оние чиј процес на рециклирање не е штетен.

Сортирајте го отпадот
Правилно фрлајте го отпадот во специјално одредени контејнери и канти и проверете ги датумите на кои вашата општинска служба отстранува одреден вид отпад. Организирајте се во вашиот дом и наредете повеќе корпи за различни видови отпад што можете да ги однесете во најблиските контејнери за рециклирање. Доколку вашето место нема добра организација за собирање и депонирање на отпадот, побарајте помош од локалната самоуправа за да ги промените работите.

Инаку, кај нас, пред само две години беше официјално најавено почнувањето на активностите на социјалното претпријатие РЕДИ Рециклажа кое требаше да го подобри и животниот стандард и работата на неформалните собирачи на отпад и, секако, состојбата на животната средина во Македонија.

РЕДИ Рециклажа воспостави систем за примарна селекција на отпад преку мапирање на станбени згради во општините Аеродром и Карпош во Скопје. И тоа функционираше одреден период, но пред извесно време, нивните канти за селектирање на хартија и пластика без повлечени.

Охрабрете ги другите
Бидете пример за другите и обидете се да ги поттикнете да користат помалку штетни материјали за животната средина и информирајте ги за сите важни аспекти на рециклирањето.