Сакате комбинации на овошје и салата? Некои намирници не треба да се јадат заедно

Фото: Pexels
239

Можеби мислите дека се храните здраво и можеби навистина она што го јадете е здраво, но некои намирници едноставно, не е здраво да се јадат заедно. Навистина сакате јагоди во салата?

Понекогаш си мислиме, колку убав здрав ручек направив денеска. И не само тоа, беше и многу вкусен. Зошто ли ми е толку тешко на стомаков?!

Причината за ова е тоа што, колку и да се некои намирници здрави и колку и да мислиме дека сме имале здрав оброк, многу лесно може да се случи да направиме некоја погрешна комбинација која едноставно, не му годи на организмот.

Некои од тие работи на кои треба да внимаваме е и да не јадеме овошје за време или после јадењето. На пример, јагоди во салата или овошен сос врз рибата или врз месото или пак пита со јаболка или свежи капини за десерт.
Зошто?

Овошјето брзо минува низ дигестивниот систем. Кога ќе го измешате овошјето со храна за која е потребно подолго време да се вари, како месо или житарки, овошјето останува подолго во стомакот и почнува да ферментира и да се однесува како шеќер.

Овошјето е најдобро да се јаде само, затоа што треба да ви даде енергија и да ве држи сити. Не мешајте овошје со јаглени хидрати или протеини.

Јадете овошје 30 до 60 минути пред оброците. Кога овошјето се јаде пред јадење на празен стомак, тоа ќе го подготви дигестивниот систем за она што го чека. Водата од овошјето ќе го исплакне и хидрира дигестивниот систем, влакната ќе поттикнат чистење, а ензимите ќе го активираат процесот на варење.

Ако сакате да јадете овошје после оброк, почекајте најмалку 3 часа.

Животински протеини и скроб

На пример, онаа за многумина вообичаена и омилена комбинација на месо и компири, пилешко и тестенини или сендвич со мисиркино месо.
Зошто?

Кога јадете животински протеини со јаглени хидрати, се ослободуваат различни дигестивни сокови. Протеините ќе скапат, а јаглехидратите ќе ферментираат. Резултатот е надуеност и гасови.

Мешањето на протеини и јаглехидрати го прави јадењето нездраво. Ако не сте забележале дека ваквите комбинации на храна предизвикуваат дигестивни проблеми, слободно продолжете.

Мешајте животински протеини или скроб, со зеленчук. Ако сакате да мешате животински протеини со скроб, дефинитивно додадете лиснат зелен зеленчук во вашата чинија за да ги намалите негативните несакани ефекти.

Масти со погрешна храна

На пример, маслинки со леб, туна со мајонез или месо пржено во растително масло.
Зошто?

Варењето на таквите комбинации може да предизвика дигестивни проблеми. Големото количество масти во комбинација со протеини го забавува варењето. Мастите и маслата треба да се комбинираат според начинот на кој функционира дигестивниот систем на поединецот.

Користете мали количини на масти и изберете сончогледово, маслиново или кокосово масло, особено кога готвите зеленчук, житарки и протеини. Со мастите најдобро оди зелениот лиснат зеленчук.

Течност со храната

Некои луѓе се навикнати додека јадат да пијат вода или сок, а некои пак веднаш по оброкот знаат да се напијат чај. Зошто ова не е добро?

Водата го напушта стомакот во рок од 10 минути. Сокот во рок од 15 до 30 минути. Секоја течност ќе го намали ослободувањето на ензими кои се потребни за разградување на протеините, јаглехидратите и мастите.

Најмалку 10 минути пред јадење, пијте вода колку што сакате. После јадење, почекајте најмалку еден час пред да посегнете по некоја течност.