Само две лажици дневно ќе ги обезбедат сите здравствени придобивки

Фото: Freepik
44

Покрај тоа што сакаме да ги грицкаме сирови, многумина од нас ги сакаат и во кремаста варијанта или како намаз. Неговиот слатко-солен вкус е одличен додаток на различни јадења. Кикиритките се преполни со протеини и други хранливи материи. Прашањето е дали можеме да претераме?

Лесно е да се каже (и да се напише) путер од кикиритки и да се тврди дека е здрав, но вистината е дека количината на здравствени придобивки што ги дава зависи од квалитетот на самиот путер. Путерот од кикиритки се прави од печени кикиритки, кои потоа се ситно мелени за да се добие кремаста и мрсна текстура.

Масниот дел обично се одвојува од делот кој главно се состои од влакна и тоа е гаранција дека се работи за природен путер од кикиритки. Ако тоа не е случај, тоа значи дека во него се додадени емулгатори, како и другите растителни масла, кои често се неквалитетни, а понекогаш се користени дури и транс масти. Не е невообичаено во путерот од кикиритки да се додаваат шеќер и сол.

Сепак, за да ги максимизирате сите придобивки од оваа намирница, одлучете се за путер кој се состои од 100 проценти кикиритки.

Главните придобивки

дава енергија и го зајакнува имунитетот
извор е на витамини и амино киселини
богат е со растителни протеини
придонесува за рамнотежа на нивото на холестерол
го штити срцето од срцеви и васкуларни заболувања
го спречува стареењето на клетките благодарение на изобилството на антиоксиданти

Хранливата содржина на путерот од кикиритки може да варира во зависност од брендот, видот и составот на производот.

Според Министерството за земјоделство на Соединетите Американски Држави (USDA), една порција, што е приближно две лажици стандарден мазен путер од кикиритки, го обезбедува следново:

191 калории
7 г протеини
16 г масти
7 г јаглени хидрати
1,6 г влакна
3 г шеќер
16 мг калциум,
54 мг магнезиум,
28 μg фолна киселина и
136 мг натриум
Две лажици од овој путер се доволни за да ги намачкате на тост или да ги јадете со јаболко или банана.

Направете го сами

За да направите путер од кикиритки, потребни ви се само две работи: излупени и печени кикиритки (10 до 15 минути на 170 степени во рерна) и моќен блендер.

Ставете ги кикиритките во блендер и блендирајте додека не се претворат во фин прав. Потоа намалете ја брзината и блендирајте додека кикиритките не го ослободат целото свое масло, во тој момент смесата ќе се претвори во мазна и сјајна крема.