Се роди скопскиот ѓеврек со нов и поинаков вкус: Избран победничкиот рецепт од натпреварот „Смисли го кругот“

999

„Арт кујна“ требаше да биде во жирито, но поради оправдани причини не успеавме да присуствуваме во изборот. Сепак, сигурни сме дека жири комисијата го одбрала вистинскиот победнички рецепт кој сега нуди еден сосема поинаков вкус, па охриѓани ќе мораат добро да размислат како да си го зачуваат реномето. Ѓеврекот на Маја Лазаревска ги спојува прекрасните вкусови на сусам, јаболко и младо сирење.

Вчера (26-ти декември), во средното угостителско училиште „Лазар Танев“ се одржа
финалето од натпреварот за ѓеврек со нов вкус „Смисли го кругот“.

Жири комисијата го прогласи за победнички рецептот на Маја Лазаревска која понуди оригинален ѓеврек со прекрасни вкусови на сусам, јаболко и младо сирење.
„Кога го прочитав повикот сакав да си поиграм со хемијата во позадина, но да се задржи она што
е основна карактеристика на ѓеврекот: богата и силна арома на сусам. Затоа и дополнително го потпеков за да ја засилам аромата и да добијам крцкава надворешност, а мека внатрешност. Меѓутоа го направив и со нешто што е македонска локална состојка, а тоа е тетовското Делишес јаболко. Додадов и малку кремасто младо сирење за да може да се стопи полека во печењето и да стои како некој заднински вкус“, изјави победничката Маја Лазаревска.

Рецептот за ѓеврекот ќе остане и како интересна идеја за учениците на „Лазар Танев“ и како
нов вку

с за пробување.
Инаку, членови на жири комисијата кои ги оценуваа рецептите беа Анета Реџепагиќ- професорка по практична настава-пекар; Влатко Ѓорѓиевски-професор по практична настава-готвач, професори во СУГС „Лазар Танев“- Скопје, готвачот Антонио Ѓорѓиевски од програмата „Кулинари.мк“/АРНО и
претставник на донаторите-спроведувачи на проектот, како и Jордан Бајрактаров- комесар на Сојузот на извидници на Македонија.

Овој натпревар беше отворен за сите жители на Скопје и околината кои беа повикани да пратат
рецепт во кој ѓеврекот го задржува својот кружен облик, а нуди нови, локални вкусови и текстури.
Оваа иницијатива побуди голем медиумски интерес и огладне многу Скопјани кои преку
традиционалните и новите медиуми даваа поддршка за ииновација на традиционалното кружно
печиво. Во следната фаза од проектот, победникот од финалето ќе има задолжение да ги научи
младите ученици (готвачи и пекари) од СУГС „Лазар Танев“ како се подготвува рецептот преку
обуки на кои тие ќе учествуваат.


Натпреварот се спроведе во рамки на проектот „Кулинари во акција – социјално претприемништво
за импакт“ кој е иницијатива на АРНО, а се имплементира во соработка со СУГС „Лазар Танев“-
Скопје. Оваа иницијатива се спроведува со поддршка од Европската Унија во рамки на проектот
„Младите – агенти на променa“ кој го спроведуваат Центар за Интеркултурен Дијалог, Сојуз на
извидници на Македонија и Центар за истражувања и анализи НОВУС.

Проектот се фокусира кон подобрување на вештините и знаењата на учениците од СУГС „Лазар
Танев“ преку презентирање на концептот на социјално претприемништво, подигање на свеста за
социјално претприемништво, неформално образование, мотивирање на учениците за кариерен
развој, промовирање успешни приказни од кулинарски социјални бизниси и сето ова со голем
акцент на еко-практики во овие области. Проектот е финансиран со поддршка од Европската
Комисија.