Секое утро на празен стомак: Зачин кој прави чуда против паразитите во телото

Фото: Pexels
73

Овој ароматичен зачин може да помогне во заштитата на телото од паразити, открија експертите.

Едноставното џвакање суво каранфилче на празен стомак му помага на телото да се бори со овие „напаѓачи“, ја намалува киселоста на телото и го освежува здивот.
Препораката е секое утро, на празен стомак, да изгрицкате 3-4 парченца од овој зачин додека целосно не го иситните.

„Бидејќи сите имаме паразити во нашите тела, суштината е да не им дозволиме да се размножуваат. Во тоа многу помагаат сувите каранфилчиња, бидејќи ги отстрануваат цистите (форма во која може да се појават микроорганизмите)“, објаснила нутриционистката Јулија Шарова.

Според неа, мешавината од сушено каранфилче со млечни производи ќе ги заштити децата од таложење на слуз во нивните тела. Треба да сомелете во прав неколку каранфилчиња, да ги додадете во млечните производи и да изедете.

„Млечните производи предизвикуваат таложење на слуз во телото. Слузот е одлично место за размножување на вируси, габи и бактерии. На пример, во лето децата често јадат сладолед.

Слузта се акумулира во телото во текот на летото. Наесен се создава поволна средина за ослободување на слуз која предизвикува течење на носот, кашлица итн.

Но, важно е да се знае дека постои „противотров“ за млечните производи. Тоа е каранфилчето.

„Ве советувам да додадете неколку прстофати мелено каранфилче во млечните производи за да се поттикне дејството на противотров во телото“, вели Шарова.

Претходно американските научници потврдиле дека каранфилчето има и антисептично дејство. Етеричните масла од каранфилче имаат корисен ефект не само на гастроинтестиналниот тракт, туку и го спречуваат ширењето на вируси и бактерии во назофаринксот, кои предизвикуваат болки во грлото, стоматитис и други болести.