Секогаш имате место за нешто слатко? Зошто копнеете по благо после обилен оброк?

Фото: Pexels
58

Во студијата, научниците ја испитувале реакцијата на глувците на шеќер, откривајќи дека тие, исто како и поголем дел од луѓето, јаделе слатко дури и кога биле целосно сити. Ако ви е полесно, научниците откриле зошто


На повеќемината им е познато чувството кога после целосен обилен оброк, сè уште сакаме нешто слатко. Зошто е тоа така сега е разјаснето од меѓународниот истражувачки тим предводен од Институтот за метаболички истражувања Макс Планк во Келн, Германија.

Според нивните наоди, истите нервни клетки во нашиот мозок кои ни даваат чувство на ситост после оброк предизвикуваат и желба за слатки.

Во студијата, научниците ја испитувале реакцијата на глувците на шеќер, откривајќи дека тие јаделе слатко дури и кога биле целосно сити.

Скенирањето на мозокот покажало дека одредена група на нервни клетки е одговорна за ова, пишува тимот во списанието Science.

Овие таканаречени POMC неврони стануваат активни веднаш штом телото ја апсорбира храната. Кога глувците се сити и јадат слатки, овие нервни клетки не само што ослободуваат материи кои сигнализираат ситост, туку и опијат кој природно се произведува во телото, бета-ендорфин.

Според студијата, ова предизвикува чувство на награда што ги тера животните да јадат уште повеќе шеќер. Механизмот бил активиран во експерименти кога животните само го перцепирале шеќерот без да го јадат.

Понатамошни истражувања

Скенирањето на мозокот покажало дека кај луѓето, на шеќерот реагира истата регија на мозокот. Како и кај глувците, многу рецептори за опијати се наоѓаат во близина на невроните одговорни за чувството на ситост.

„Од еволутивна гледна точка, ова има смисла: шеќерот е редок во природата, но дава брза енергија“, вели водачот на студијата Фенселау. Мозокот е програмиран да го стимулира внесот на шеќер кога ќе стане достапен.

Резултатите би можеле да бидат значајни за лекување на дебелината. Иако веќе постојат лекови кои ги блокираат опијатните рецептори во мозокот, губењето на тежината постигнато со нив е помало отколку со инјекциите за потиснување на апетитот.

Фенселау вели дека комбинацијата на различни терапии може да биде корисна, но предупредува: „Сè уште треба да го истражиме ова дополнително“.