Сет од 132 оброци, со рок на траење од 25 години: Во Америка можете да купите канта со храна за случај на апокалипса

Фото: Фејсбук
205

Во Америка можете да купите канта со храна за случај на апокалипса, која може да трае 25 години

Дали наскоро не очекува крајот на светот?

Ако им се верува на американските продавници, никогаш не се знае, па затоа е подобро да се подготвите и токму затоа еден популарен американски ланец на продавници претстави сет од вкупно 132 оброци, сите спакувани во една голема пластична канта.

Оваа вирална кофа за апокалипса чини 62,99 долари или околу 57 евра, а покрај големата количина храна, овој комплет има рок на траење и до 25 години.

Покрај кантата од 62 долари, во понудата е онаа од 99 долари која содржи 150 порции, како и канта со протеини од 179 долари која содржи вкупно 110 порции.

Што има во оваа вирална „канта за апокалипса“?

Авторот на книги за готвење Џефри Ајснер ја забележал кантата додека купувал во оваа американска продавница, а на својот Инстаграм профил објавил видео во кое детално опишува што има внатре.

Кантата Readywise Emergency Food Supply содржи вкупно 132 полуготови оброци во кои е потребно само да се додаде вода.