Сезона е, одиме по бозел: Чај, сок, ликер, сеедно…

Фото: Pixabay
162

Сокот или чајот од бозел може да излечи алергии, да го забрза слабеењето, да го исчисти телото од токсини и да го зајакне имунитетот. Мај е време кога бозелот цвета во полн сјај.

Мај е време кога бозелот цвета во полн сјај. Затоа, искористете ја сезоната и наберете си додека

трае цветниот период. Секако, важно е да расте подалеку од улица или какво било загадување.

Сокот, поточно, сирупот од бозел има долга традиција кај нас, па само мирисот од мало гранче

расцветан бозел, може буквално да ме телепортира во времето кога моите одеа да го наберат кај

пријателите во Јурумлери за да го направат сокот кој сите многу го сакавме.

Всушност, кога бевме деца, дома секогаш имаше домашни сокови. Сокот од вишни веќе ни беше

преку глава, ама оној од бозел никогаш не ни здодеа. Дури едно време почнавме да го додаваме и

во сокот од вишни. Не дека сокот од вишни не беше вкусен, ама бозелот ни беше фаворит.

Особено кога ќе му додадевме и сок од свежо исцеден лимон, ќе ставевме мраз или добро ќе го

изладевме. Одличен летен напиток. Но бргу го снемуваше. Понекогаш го правевме со кисела вода

па добивавме газиран сок од бозел. Нешто како денешната „фанта-шоката“ ама природна, без

вештачки бои, мириси и конзерванси.

И еве токму сега, во мај, време е да најдете бозел, да ги наберете цветовите и да направите сок или

барем да ги исушите цветовите за да си имате за чај. Можете да направите дури и ликер, а рецептот ќе го најдете ТУКА.

Инаку, за бозелот велат дека е и една од најлековитите билки на светот затоа што содржи големи

количини флавоноиди, каротен, витамин Ц.

Досега е познато дека лекува грип, затнати синуси, бронхитис, астма и алергии. Исто така, докажано

е дека сокот од бозел го поправа имунитетот, а помага и кај дијабетес и запек.

Чај против кашлица

Чајот од суви цветови бозел лекува упорна и сува кашлица. Овој чај можете да им го давате и на

деца, но претходно сепак посоветувајте се со лекар. Сѐ што треба да направите е цветовите бозел

да ги исушите на темно и суво место, кога ќе се исушат да го здробите и да ги чувате во стаклен сад

за чај.

Сок од бозел

Во 1 литар ладна вода потопете 20 цветови свеж бозел. Нека стои на ладно место (но не во

фрижидер) 24 часа. Исцедете, додадете 800 г шеќер и сок од 1 лимон и оставете да стои уште 24

часа. Повремено измешајте за да се растопи шеќерот. Исцедете преку двојна газа и ставете го

шишиња. Се разбира, овој сок се пие разреден со вода, а можете да користите и газирана вода.

Црн бозел, лек против рак

Еден човек од Бугарија неодамна направи вистински метеж тврдејќи дека лекот од црн бозел му

помогнал да го победи ракот. Црниот бозел расте околу речните канали, и дава плод кој потсетува

на боровинки. Плодовите созреваат кон крајот на август и почетокот на септември. Плодот треба

да биде добро узреан за да ги има лековитите својства. Кога ќе ги наберете бобинките, измијте ги и

ставете ги во тегли, редејќи наизменично еден ред бобинки, па еден ред шеќер, додека теглата не

се пополни до врвот.

Чувајте ја теглата на место кадешто има сонце за да може да дојде до вриење. После две недели,

теглата треба да се затвори и да се стави во фрижидер.

Можете да направите 2, 3 или 4 тегли, но мора да имате најмалку две за да имате доволно од овој

лек до следната година. Земајте најмалку 1 лажичка секое утро на празен стомак, 10 минути пред

оброкот.

Наводно, токму на овој начин приготвениот црн бозел бил лекот за рак.