Порано не поминуваше сезона, а да не се направи сок од вишни. Не било залудно што се пиеше речиси во секоја куќа
Со оглед на загрижувачкото зголемување на случаите на рак на дебелото црево кај помладите луѓе, но и воопшто поради неговите извонредни својства кои обезбедуваат големи придобивки за целокупното здравје, многумина се заинтригирани од советите на гастроентерологот д-р Џозеф Салхаб, кој на Тик-Ток откри каков пијалок пие секојдневно за да го заштити здравјето на цревата, пишува Best Life.
Станува збор за природен сок од вишни (не купен од продавница, полн со шеќер), за кој Салхаб вели дека е исклучително богат со антоцијанини и полифеноли, растителни соединенија кои, според истражувањата, помагаат во намалувањето на воспалението во цревната микробиота.
„Овој сок има неверојатно висока концентрација на антиоксиданти, можеби највисока од кој било друг сок. Цревните бактерии ги искористуваат за да создадат антиинфламаторни соединенија во телото“, објаснува Салхаб во видеото.
Порано не поминуваше сезона, а да не се направи сок од вишни. Според поновите истражувања, очигледно, не било залудно што порано овој сок се пиеше речиси во секоја куќа
Студија од 2019 година објавена во списанието Nutrients покажала дека сокот од вишни го намалува систолниот крвен притисок и LDL („лошиот холестерол“) кај луѓе над 65 години. Исто така, студија од 2024 година во списанието „Лајф“ открила дека консумирањето кисел сок од вишни двапати дневно го намалува воспалителниот маркер калпротектин за 40% кај луѓе со улцерозен колитис.
Можеби најинтересно: Истражување од 2023 година во „Cancer Letters“ укажува на потенцијалната улога на сокот во инхибирањето на растот на клетките на ракот на дебелото црево.
Освен што е за здравјето на цревата, сокот од вишна е познат и како природен извор на мелатонин, хормон кој помага во регулирањето на спиењето. Студија од 2018 година покажала дека постарите испитаници со несоница спиеле во просек 84 минути подолго по консумирање сок од вишни.
Не е занемарливо!
Американското друштво на хемичари наведува дека само 20 вишни дневно имаат ефект против болка. Вишните ќе придонесат во борбата против воспаление на мускулите, несоница, нарушувања на концентрацијата и меморијата, остеоартритис, холестерол во крвта, атеросклероза и метаболички синдром, гихт и заболувања на уринарниот тракт, заболувања на срцето и кардиоваскуларниот систем, разни форми на рак и тумори, анемија и дијабетес.
За активните спортисти и рекреативните спортисти, вишните ќе овозможат побрзо закрепнување и ќе го намалат оштетувањето на мускулите што се јавува поради користењето на мускулите до максимум.
Медицинскиот центар на Универзитетот во Мериленд ја потврдил ефикасноста на природниот сок од вишни во борбата против нападите на гихт.
Сок од вишни
Секој може да направи сок од вишни, рецептот е многу едноставен и не бара прекумерна вештина во кујната.
За да уживате во придобивките од овој сок, препорачливо е да имате соковник кој овозможува ладно цедење. Исчистете ги вишните од семките и ставете ги во соковник. Свежо исцедениот сок најдобро е да се консумира веднаш. Можете да го засладите по желба со мед, стевиа, агавин сируп или кокосов шеќер.
Ако немате соковник, можете да користите блендер. Ставете ги вишните без семки во блендер додека не се претворат во иситнета смеса. Потоа процедете ја содржината низ фина цедалка или газа и добро исцедете ја. Преостанатата пулпа можете да ја користите за подготовка на десерти.
Сируп од вишни
Бидејќи самите вишни се доста кисели, засладувањето е потребно, но користете поздрави алтернативи.
Потребни состојки:
3 кг свежи вишни
3 кесички лимонска киселина
2 кесички ванилин шеќер
1,5 литри вода
засладувач по избор (стевиа, агавен сируп или кокосов шеќер). Дозирајте по желба, колку помалку има, толку поздрав е сокот.
Подготовка:
Прво, темелно исплакнете ги вишните и отстранете ги дршките и семките.
Ставете ги исчистените вишни во голем сад и додадете лимонска киселина и најмногу литар и половина вода во првата тура.
Вишните треба добро да се изгмечат со раце во тенџере. Откако ќе го направите сето ова, покријте го садот со крпа и оставете го да отстои преку ноќ.
Следниот ден, треба да ги процедите низ соодветна цедалка или низ крпа слична на газа.
Најдобриот сооднос на засладувачи во сокот е 1:1, но дозата одредете ја самите. Повторно добро измешајте го процедениот сок и истурете го во соодветни стаклени шишиња.
Чувајте го на ладно и темно место и употребете го во рок од три месеци.