Сок од рози: Миризлив, освежителен, но и лековит напиток

Фото: Pexels
143

Ружите процветаа насекаде, искористете ја можноста и направете си сок или сируп од рози, бидејќи лековитоста кои ни ја носат розите се познати уште од многу одамна.

Во козметиката се употребува етеричното масло од рози и се додава во препаратите за нега на тело. Во кулинарството се повеќе се застапени, па се подготвуваат сокови, сирупи, ликери, ракија, слатко, џем, локум и други деликатеси. Во медицината се неправедно запоставени, а најмногу се користат за чаеви и правење лекови кои помагаат при разни тегоби.

Сирупот од роза се препорачува за зајакнување на срцето и нервите, против умор, несоница, за чистење на црниот дроб, жолчката, бубрезите и белодробните заболувања. Ова е еден од наједноставните рецепти, а еве како и вие да направите сок и сируп од рози.

Сок од рози без варење

Рецептот е многу едноставен и економичен, но доколку ви треба сокот за одредена прилика, ќе мора да почнете да го правите порано. Полесна и поздрава опција е да ги натопите измиените ливчиња во вода, да ставите една кесичка лимонтус, да го затворите садот и да ги оставите преку ноќ на темно и ладно место. Наутро, процедете ја содржината и префрлете ја во шишиња. Вака направениот сок не може да стои долго бидејќи не содржи шеќер. Ќе треба да го засладите при сервирање и да го испиете во рок од неколку дена.

Сируп од рози

Ако сакате да направите сируп од рози, процедете го добиениот сок и измерете колку течност сте добиле. Колку литри течност додавате толку кг шеќер додавате во течноста. Сè убаво измешајте и оставете го на ладно место додека шеќерот целосно не се растопи. Ќе ви требаат околу 24 часа за да се стопи шеќерот или евентуално наутро да го процедите и да ставите шеќер, а навечер да го префрлите во шишиња. Она што го добивте е сируп за сок од рози. По желба разредете го со вода и послужете со неколку кришки лимон и неколку коцки мраз. Вака приготвениот сок може да се чува на ладно и темно место, односно во фрижидер неколку месеци, најмалку три, а можеби и подолго…

Лековити својства на розите
Лековитите својства на розата се познати уште од многу одамна, за што сведочат старите записи пронајдени во Египет, Индија и Кина, каде што може да се најде повеќе за примените на лековитите својства на розата. Денес е познато дека розата содржи состојки од есенцијални масла, танини, винска, јаболкова, лимонска киселина…

Вода за масажа
Водата во која десет дена биле натопени ливчиња од роза се користи за масажа при ревматизам и гихт, против првут во косата или за отстранување на акни.
Рози во маслиново масло
Маслиновото масло во кое се натопени ливчиња од роза се користи за мачкање на рани кои тешко се лекуваат, смрзнатини, изгореници и испукана кожа.
Чај од роза
Две лажици суви, исечкани ливчиња од роза прелијте ги со 3 дл зовриена вода и оставете ги покриени 5-10 минути. Ако чајот се користи за респираторни проблеми, може да се заслади со мед за смирување и за подобар сон. Се пие и за прочистување на крвта, при заболувања на црниот дроб, жолчното кесе и органите за варење. Делува како благо средство за прочистување на цревата.

Децилитар чај пред оброк му помага на секој што ја уништил цревната флора со прекумерна употреба на антибиотици. Чајот се гаргара при воспаление на грлото и гласните жици или се користи за плакнење на усната шуплина при габични инфекции.