Што да правите со велигденските јајца? Не ги фрлајте, имаме одлични рецепти

Фото: Pexels
232

Најдовме два одлични рецепти во кои можете да го искористите вишокот варени јајца што останале од Велигден за да подготвите целосен, избалансиран и здрав оброк.

Вообичаено е да претераме за време на празниците и да направиме многу повеќе јајца отколку што на крајот ќе изедеме, а се знае и дека со онаа размена на јајца со роднините и пријателите и не е можно да се намалат, напротив, се чини дека количината постојано се зголемува па ги јадеме со денови по Велигден.

Затоа, корисно е да се знае дека варените јајца може безбедно да се чуваат во фрижидер и до една недела, но, доколку се излупени, треба да се конзумираат во рок од неколку дена.

Исто така, ако забележите непријатен мирис, промена на бојата или ако белката е лигава, јајцето повеќе не е безбедно за консумирање. Ако јајцата се излупени, рокот на траење им се намалува на три до пет дена бидејќи се повеќе изложени на воздух и бактерии.

На собна температура не треба да се оставаат подолго од два часа за да се спречи размножувањето на бактериите.

Најдовме два одлични рецепти во кои можете да го искористите вишокот варени јајца што останале од Велигден за да подготвите целосен, избалансиран и здрав оброк.

Протеинска салата со варени јајца и авокадо

Состав: 16 г протеини, 13 г јаглени хидрати, 19 г масти

Состојки:

2 варени јајца,

1/2 авокадо,

1 шолја свеж спанаќ или рукола,

5 шери домати исечени на половина,

2 млади кромидчиња,

1 лажица грчки јогурт,

1 лажичка маслиново масло,

1 лажичка сок од лимон,

сол и бибер по вкус

Подготовка:

Исечете ги јајцата. Авокадото изгмечете го со јогурт, лимон, сол и бибер. Зеленчукот се меша со маслиново масло. Додадете ги јајцата и преливот од авокадо, измешајте и послужете.

Интегрален тост со варени јајца и авокадо

Состав: 11 г протеини, 22 г јаглени хидрати, 14 г масти, 254 kCal

Состојки:

1 парче интегрален или протеински леб,

1 варено јајце,

1/2 авокадо,

1 лажичка сок од лимон,

1/2 лажичка маслиново масло,

малку сол и бибер

По желба, шери домати, ротквици, ленено семе или сусам.

Подготовка:

Испечете го лебот.

Авокадото се пасира со лимон, масло, сол и бибер.

Намачкајте го авокадото и додадете го исечканото јајце.

Украсете со доматчиња, ротквици или семки.