Што е гриз и кои се неговите придобивки? Дали е поздрав пченичниот или пченкарниот?

Фото: Pixabay
54

Пченичниот гриз содржи глутен, додека пченкарниот гриз (палента) воопшто не го содржи, поради што е подобар избор за луѓе со нетолеранција на глутен или целијакија. Кога станува збор за нутритивниот состав, пченичниот има повеќе протеини, малку повеќе влакна и побогат е со минерали, особено железо и магнезиум…


Гризот е крупно мелено брашно кое најчесто се добива од тврда пченица (durum), но постои и пченкарен гриз како честа алтернатива. И двата видови гриз имаат важна улога во исхраната, но се разликуваат по составот и здравствените ефекти.

Пченичен гриз и неговата хранлива вредност

Гризот од тврда пченица се користи низ целиот свет за подготовка на леб, тестенини и каша. Има карактеристична златна боја и блага арома на јаткасти плодови. Покрај кулинарските примени, може да придонесе за контрола на телесната тежина, здравје на срцето и варењето.
Збогатениот пченичен гриз содржи важни витамини и минерали кои делумно се губат за време на преработката. Порција од околу 60 г неварен гриз содржи:

околу 198 калории
40 г јаглехидрати
7 г протеини
помалку од 1 г масти
влакна (околу 7 проценти од дневните потреби)
витамини од групата Б (тиамин, фолна киселина, рибофлавин)
железо и магнезиум.

Високата содржина на протеини и влакна го забавува варењето на храната и го продолжува чувството на ситост.

Здравствени придобивки од пченичен гриз

Може да помогне во регулирањето на телесната тежина: Влакната и протеините го намалуваат гладот ​​и ви помагаат да се чувствувате сити подолго време. Ова може да придонесе за намалување на вкупниот внес на калории.

Го поддржува здравјето на срцето: Влакната помагаат во намалувањето на нивото на „лошиот“ LDL холестерол, додека фолатот и магнезиумот придонесуваат за правилно функционирање на срцето и крвните садови.

Помага во контролата на шеќерот во крвта: Влакната ја забавуваат апсорпцијата на шеќерот, што ги намалува ненадејните скокови на гликозата во крвта.

Добар извор на железо: Железото е од суштинско значење за транспорт на кислород и спречување на анемија. Иако растителниот облик послабо се апсорбира, комбинирањето со витамин Ц може да го подобри неговото искористување.

Го поддржува варењето: Влакната ја стимулираат цревната функција и развојот на корисни бактерии, што придонесува за поздрав дигестивен систем и го намалува запекот.

Здравствени придобивки од пченкарниот гриз и разлики во однос на пченичниот гриз

Пченкарниот гриз (палента) е алтернатива без глутен и има различен нутритивен профил, а пченичниот и пченкарниот гриз се разликуваат и по својот состав и начинот на кој влијаат на телото.

Пченичниот гриз содржи глутен, додека пченкарниот гриз воопшто не го содржи, поради што е подобар избор за луѓе со нетолеранција на глутен или целијакија. Кога станува збор за нутритивниот состав, пченичниот гриз има повеќе протеини, што придонесува за подолго чувство на ситост и постабилно ниво на енергија. Исто така, содржи малку повеќе влакна од пченкарниот гриз, па затоа поминува низ дигестивниот систем побавно и го продолжува чувството на ситост по оброкот.

Од друга страна, пченкарниот гриз има поблаг ефект врз варењето и е полесен за варење, поради што често се препорачува за луѓе со чувствителен стомак или за време на периоди на закрепнување. Пченичниот гриз е побогат со минерали, особено железо и магнезиум, кои се важни за формирање на црвени крвни зрнца, мускулна функција и здравје на срцето, додека пченкарниот гриз ги содржи овие хранливи материи во помали количини.

Накратко, пченичниот гриз обезбедува поголема хранлива густина и подолго чувство на ситост, додека пченичниот гриз носи предност на полесно варење и отсуство на глутен, така што и двата имаат свое место во правилно избалансирана исхрана.

Употреба на пченичен гриз и пченкарен гриз
Можете да користите пченичен гриз за тестенини и леб, каши и пудинзи, за згуснување на супи и сосови.

Пченкарниот гриз најчесто се користи за палента, прилози со зеленчук и месо или лесни оброци за појадок или вечера.