Што се случува во организмот кога пиете кафе пред појадок?

Фото: Pexels
326

За време на експеримент, британските научници откриле дека шолја црно кафе (приближно 300 мг кофеин) 30 минути пред појадокот го зголемува нивото на шеќер во крвта. Студијата потврдила дека оваа негативна последица настанува практично веднаш, а нивото на гликоза се зголемува за 50 проценти!

Многу луѓе имаат навика да пијат кафе веднаш штом ќе станат, а токму оваа навика е предмет на многу дискусии, бидејќи не можеме да бидеме целосно сигурни дали е добро или не.

Многумина пијат кафе наутро со цел да се разбудат, да ја подигнат енергијата и постепено да се подготвуваат за обврските кои ги очекуваат во денот.

Колку и да е корисен овој пијалак, омилен не само кај нас, туку и кај луѓето ширум планетата, излегува дека во одредени ситуации може да биде штетен по здравјето. Познато е дека прекумерното внесување на кофеин може да предизвика анксиозност, скокови на крвниот притисок и други заболувања, а експертите откриле дека може да го зголеми и шеќерот во крвта. Се разбира, не секогаш, туку ако кафето се пие во одредено време…

За време на експеримент, британските научници откриле дека шолја црно кафе (приближно 300 мг кофеин) 30 минути пред појадокот го зголемува нивото на шеќер во крвта. Студијата потврдила дека оваа негативна последица настанува практично веднаш, а нивото на гликоза се зголемува за 50 проценти!

Две причини можат да доведат до ова. Прво, кофеинот го блокира аденозинот, кој е вклучен во сигнализирањето на телото колку инсулин треба да произведе и им помага на клетките ефикасно да реагираат на овој хормон за регулирање на гликозата. Пиењето кафе пред оброк може да го намали лачењето на инсулин, што значи дека шеќерот во крвта ќе скокне.

Друга причина лежи во способноста на кофеинот да го зголеми нивото на хормоните на стрес во телото. За возврат, кортизолот и адреналинот го зголемуваат шеќерот во крвта за да обезбедат енергија за борба против стресот. За да го избегнете ова, советот на експертите е прво да појадувате, па дури потоа да пиете кафе.