Жолчното ќесе е орган без кој можеме да живееме, но некои правила во исхраната се важни за да се избегнат проблеми.
Честа грешка на пациентите е претерано опуштање во исхраната откако ќе исчезнат проблемите што претходеле на операцијата на жолчното кесе.
Животот без жолчното ќесе може да биде сосема нормален и без проблеми, под услов да се усвои соодветна исхрана. Во првите денови по операцијата, исхраната треба да биде блага и лесно сварлива. Жолчното ќесе е орган без кој можеме да живееме, но некои правила во исхраната се важни за да се избегнат проблеми.
Што и како да јадете по операција на жолчното ќесе: Што да јадете, а што да избегнувате по интервенцијата
По операцијата, ќе добиете совет од стручно лице за соодветна исхрана. Се препорачува да се консумира варен зеленчук, варено бело месо, печени јаболка и благи чаеви. Новите намирници треба да се воведуваат постепено, внимателно следејќи ја реакцијата на телото. Водете дневник за храна и задолжително забележете дали некоја намирница не ви одговара.
По операцијата, понекогаш може да се појават чести движења на дебелото црево и дигестивни проблеми. Затоа, треба да избегнувате црвено месо, млечни производи, масни оброци, пекарски производи, пржена храна и слатки. На долг рок, дури и по закрепнувањето, препорачливо е трајно да се избегнуваат масни печива, сувомеснати производи (сланина, колбаси), пржено месо, пржени јајца, масни сирења, павлака, десерти со путер, чоколадо и јаткасти плодови, како и силни зачини, оцет и мајонез.
Исхрана за луѓе на кои им го отстраниле жолчното ќесе: Еве ги најважните правила
Јадете редовни и помали оброци
Наместо неколку обилни оброци, нутриционистите препорачуваат пет до шест помали оброци дневно за да се олесни варењето и да не се оптоварува дигестивниот систем.
Храна со намален внес на масти
Препорачливо е да се избере храна со мала содржина на маснотии, како што се варено пилешко, риба, зеленчук и цели зрна. Здравите маснотии од маслиновото масло, лосос, авокадо и семиња треба да се консумираат во умерени количини и постепено.
Избегнување на пржена и тешко сварлива храна
Подобар избор од пржената храна, особено онаа во длабок зејтин, е храната што ја подготвуваме со печење, варење или на пареа.
Постепено воведувајте влакна
Иако влакната се корисни и клучни за добро варење, нивното нагло внесување по интервенцијата може да предизвика надуеност и дијареа. Се препорачува постепено воведување на овошје, зеленчук и цели зрна.
Доволна хидратација
Водата и билните чаеви го помагаат варењето и спречуваат проблеми со столицата, запек или дијареа. На овие пациенти особено им се препорачува да избегнуваат газирани и алкохолни пијалаци.
Следење на реакциите на телото
Секој од нас различно реагира на одредена храна, па затоа е важно да следиме како реагира нашето тело и да ја приспособиме исхраната на сопствените потреби и за време и по закрепнувањето.
Која е најчестата грешка?
Иако жолчното ќесе не е витален орган, неговото отстранување може да бара промени во исхраната. Со правилна исхрана и усвојување здрави навики, може да се води квалитетен и пријатен живот и без жолчното кесе.
Најчеста грешка е претерано опуштање во исхраната откако ќе исчезнат проблемите кои ѝ претходеле на операцијата. Некои луѓе почнуваат да јадат поголеми количини на храна, што може да доведе до зголемување на телесната тежина и дополнителни дигестивни проблеми. Важно е да се одржува урамнотежена и контролирана исхрана, со правилно распоредени оброци.