Сладолед од ајвар, ракија, камилица… Слаткарница во која тешко дека ќе најдете обични вкусови

Фото: Pixabay
210

Сѐ уште не сме ја посетиле оваа слаткарница, но добриот глас самиот стаса до кај нас. Во Земун се наоѓа една од омилените слаткарници, каде што можете да најдете освежување во ледени топчиња со вкус на ајвар, ракија, вино, сирење…

Слаткарницата со став станала веќе култно место во соседството, поточно, во Земун, Србија, не само поради необичните вкусови, туку и поради сопственикот Верољуб Шабиќ, кој ужива во својата работа, а неговата најголема инспирација, велат, се традиционалните состојки…
Во Земун се наоѓа една од омилените слаткарници, каде што можете да најдете освежување во ледени топчиња со вкус на ајвар, ракија, вино и сирење.

Слаткарницата со став стана култно место во Белград, не само поради необичните вкусови, туку и поради сопственикот Верољуб Шабиќ, кој ужива во својата работа, а неговата најголема инспирација се традиционалните состојки.

Меѓу необичните вкусови што ги приготвува се камилицата, за која многумина велат дека никогаш претходно не ја пробале, потоа лаванда, суви сливи, мушмула, дренки, тиква, бело вино (темјаника), но ќе најдете и лешник, афион, квалитетна ванила, ф’стаци и плазма.

Мотото на Верољуб е дека од сѐ што може да се јаде може да се направи сладолед, но наместо вкусови како манго и папаја, егзотика му се ајварот, сливовата ракија и кашкавалот од Пирот, кои исто така си имаат свои купувачи. Ако се прашувате каков вкус има сладоледот од ајвар, најдобро е сами да процените, а оние кои го пробале велат дека е и сладок и солен во исто време.

Во слаткарницата можете да го пробате сладоледот пред да го нарачате, па доколку се сомневате во комбинацијата од модар патлиџан и пиперки, можете да го направите прво тоа.

Таму ќе најдете и сладолед за кучиња без шеќер.
Цената на една топка е 200 динари или околу 1,70 евра.