Дали воопшто знаете што се кренвиршли? Погледнете како се прават, што сѐ оди во нив и како влијаат на телото (ВИДЕО)

Фото: Pexels
435

Во многу кренвиршли се користат нуспроизводи од животинско потекло како што се кожа, ‘рскавица и остатоци од месо, често во комбинација со полнила како што се презла, протеини од соја и скроб. Некои истражувања сугерираат дека јадењето поголеми количини преработено месо, вклучително и кренвиршлите, може да го зголеми ризикот од одредени видови на рак, особено рак на дебелото црево.

Кренвиршлите често се присутни на менијата ширум светот и многу луѓе ги сакаат поради нивната практична подготовка и вкус. Сепак, зад нивната привлечност се крие сложена приказна за нивниот состав и потенцијалните опасности по здравјето.

Имено, кренвиршлите се производ кој често предизвикува загриженост поради својот состав. Главните состојки во повеќето кренвиршли се мелено месо, вода, сол и адитиви. Она што ги прави проблематични се адитивите како што се вештачки ароми, конзерванси и засилувачи на вкус, а некои производители често користат неквалитетно месо и животински делови кои вообичаено не се користат во прехранбената индустрија.

Кренвиршлите често се сметаат за нездрава храна поради неколку причини. Една од нив е високата содржина на сол. Повеќето се богати со натриум, што е поврзано со висок крвен притисок и зголемен ризик од срцеви заболувања. Понатаму, тие се полни со преработени состојки. Производството на кренвиршли вклучува бројни адитиви и преработени состојки кои се поврзани со негативни здравствени ефекти, вклучително и поголем ризик од дебелина и дијабетес.

Кренвиршлите имаат многу ниска хранлива вредност и не се богати со есенцијални хранливи материи како што се витамини и минерали. Некои истражувања сугерираат дека јадењето поголеми количини преработено месо, вклучително и кренвиршлите, може да го зголеми ризикот од одредени видови на рак, особено рак на дебелото црево.

Од што се направени?
Составот на кренвиршлите може да варира во зависност од производителот и видот на кренвиршлите, но обично ги вклучува следните состојки.

Месо: Традиционално, кренвиршлите се правеле од мелено месо, како свинско, говедско, пилешко или живина. Меѓутоа, во производството на кренвиршли често се користат различни видови месо, вклучувајќи ги и оние со слаб квалитет.

Вода: Кренвиршлите често содржат вода за да се подобри текстурата и да се намалат трошоците за производство.

Сол: Се додава сол за вкус и зачувување. Високата содржина на сол може да придонесе за висок крвен притисок и срцеви заболувања.

Адитиви: Кренвиршлите често содржат адитиви како што се бои, вкусови, засилувачи на вкус и конзерванси за подобрување на изгледот и издржливоста на производот.

Нуспроизводи и полнила: Во многу кренвиршли се користат нуспроизводи од животинско потекло како што се кожа, ‘рскавица и остатоци од месо, често во комбинација со полнила како што се презла, протеини од соја и скроб.

Погледнете го видеото кое е снимено во фабрика за производство на кренвиршли.