Смути со цвекло и банана е ризница на витамини и минерали

Фото: Инстаграм
868

Светло розово смути со висока содржина на калциум, влакна, манган, магнезиум, калиум, рибофлавин, витамин Ц и витамин Е е идеален оброк за брз утрински појадок.

Светло розовата боја на ова смути ја даваат цвеклото кое е богато со калиум, калциум, магнезиум, манган и железо. Содржи и витамини од групата Б, меѓу кои најмногу се издвојуваат рибофлавинот и витаминот Ц. Идеален за студените зимски месеци и за зголемување на енергијата наутро.

Калциумот е минерал кој ја регулира киселинско-алкалната рамнотежа во сите телесни течности, додека магнезиумот и железото придонесуваат за намалување на заморот и исцрпеноста. Манганот, исто така минерал, го олеснува метаболизмот на протеините и јаглехидратите и ги активира ензимите одговорни за употребата на клучните хранливи материи, како што се витамините Б, кои се неопходни за имунолошкиот и нервниот систем. Витаминот Ц е исто така добар за функцијата на имунолошкиот систем и здравјето на кожата, а е и моќен антиоксиданt. Калиумот помага во комуникацијата со мускулите и нервите, движењето на другите нутриенти во клетките и го одржува нивото на натриум во телото.

Состојки:
1 мало печено цвекло
1/2 замрзната банана
1 чаша млеко по избор
прстофат сол
засладувач по избор (како урми, стевиа или јаворов сируп)
1 лажица какао во прав по желба

Приготвување:
Сите состојки измешајте ги во блендер додека не добиете изедначена смеса.