Сокот од цвекло може да го намали крвниот притисок кај лица над 60 години

Фото: Pixabay
32

Цвеклото е намирница која е природно богата со микронутриенти и минерали, а нејзината содржина на нитрати е од најголема важност

Студија од англискиот универзитетот Ексетер открила дека редовната консумација на сок од цвекло може да помогне во намалувањето на крвниот притисок кај возрасни луѓе над шеесет години. Цвеклото е природно богато со микронутриенти и минерали, а нејзината содржина на нитрати игра централна улога во овој ефект. Доказите покажале дека лошото орално здравје и микробниот дисбаланс можат да ја намалат способноста на телото да го претвори нитратот во азотен оксид, соединение кое е неопходно за регулирање на крвниот притисок.

Резултати од студијата

Во студијата, 39 возрасни лица под 30 години и 36 здрави постари возрасни лица на возраст од 60 до 70 години пиеле сок од цвекло богат со нитрати (750 мг нитрат) секој ден во текот на две недели. Кај постарите возрасни лица, имало значително намалување на прилично штетната орална бактерија Prevotella, што било поврзано со зголеменото ниво на нитрити. За возврат, се зголемил растот на бактерии кои го поттикнуваат здравјето, како што е Neisseria. Постарите учесници имале малку повисок просечен крвен притисок (126/80 mm Hg). Со сокот богат со нитрати, нивниот крвен притисок се намалил за околу 7 mm Hg.