Совршен појадок: Зелена „паштета“ која може да се направи со вилушка за само неколку минути

Фото: Pixabay
168

За авокадото да има добар вкус на лебот, потребно е добро да се зачини. Ако, пак, сакате да имате нутритивно заокружен оброк, треба да го споите со добар извор на протеини.

Тост со авокадо е популарен избор за појадок ширум светот, а во последните неколку години станува сѐ почест избор и кај нас.

Ова тропско овошје е богато со здрави извори на масти, а кога ќе созрее може да се претвори во зелена „паштета“ само со помош на вилушка.

За авокадото да има добар вкус на лебот, потребно е добро да се зачини. Ако, пак, сакате да имате нутритивно заокружен оброк, треба да го споите со добар извор на протеини.

Авокадото можете да го послужите со варени, печени и/или пржени јајца, чаден лосос и различни видови салама.

Но, ако преферирате извори на протеини од растително потекло – задолжително пробајте го намазот од авокадо и грашок, кој стана вирален на социјалните мрежи.

Потребни се само неколку минути за термичка обработка на грашокот.

Но, за овој рецепт можете да користите и веќе варен конзервиран грашок.

Тоа е лесен, вкусен и едноставен рецепт кој е совршен за појадок.

Состојки:
100 гр зрело авокадо
100 гр варен грашок
1 млад кромид
½ лимон
½ лажичка лук во прав
сол и пипер по желба
грст свеж магдонос

Приготвување:
Сварениот грашок претворете го во пире со вилушка и измешајте го со зрело авокадо.
Зачинете ја смесата со лук во прав. Наместо прав, можете да користите и едно рендано чешне лук.
Намазот зачинете го со половина лимон и ситно сечканиот магдонос.

Алтернативно, можете да користите свежи листови коријандер и една лимета.
Сè убаво зачинете со сол и пипер.
Намачкајте ја смесата врз интегрално лепче и послужете со ситно сечкан млад кромид.