Список на најдобри намирници за успешно слабеење

Фото: Pexels
576

Заборавете на гладување и „навалете“ на овие намирници ако сакате да го изгубите вишокот на килограми.

Нутриционистката Џес Кординг за Women’s Health ги објаснува најдобрите намирници кои согоруваат калории кои можете да ги јадете без чувство на вина:

Пилешко и мисиркино
Овие протеини ќе ви дадат долготрајно чувство на ситост и ќе се чувствувате задоволни после јадење, па нема да бидете принудени да „грицкате“ нешто друго.

Тие се одличен извор на триптофан, кој служи како претходник за создавање на невротрансмитер серотонин.

„Ако не сте добро расположени или сте под стрес, важно е да го зголемите производството на серотонин во вашето тело за да го балансирате расположението, да го намалите емоционалното прејадување и да спречите ‘грицкање’ поради стрес“, особено додека се обидувате да изгубите тежина, вели Кординг.

Јаткасти плодови и путери од јатки
„Јаткастите плодови се полни со здрави масти, влакна и протеини, што е совршена комбинација за одржување на енергијата и за ситост“, вели Кординг.

Тие се калорични, така што нема да ви треба многу за да се заситите со грст јаткасти плодови или неколку лажици од нивниот путер (бадем, кикиритки, итн.), а Кординг додава дека со некои од нив, како на пример оревите, во исхраната ќе додадете и омега-3 масни киселини кои помагаат да се намали воспалението во телото.

Јајца
Според Кординг, јајцата се уште еден одличен извор на протеини и здрави масти, кој ќе ви помогне да ја одржите мускулната маса додека согорувате маснотии.

Со оглед на тоа што едно големо јајце содржи 70 калории, ќе биде одлично за контролирање на порцијата храна, а имаат и холин, соединение кое помага за здравјето на мозокот и DHA (докосахексаеноична киселина), која има антиинфламаторно дејство.

Млеко, јогурт и сирење
Млекото нуди многу калциум за градење на коските (300 мг) и животински протеини (8 грама), а не мора да купувате такви со малку маснотии за да уживате во нив.

„Иако ќе внесете нешто повеќе неколку калории, ќе бидете посити од тоа“, вели Кординг. „Уште подобро ќе ги апсорбирате хранливите материи, вклучително и витамините Д и А, ако ги изберете оние со повеќе маснотии“, продолжува.

Дополнително, пробиотиците од јогуртот ќе ја помогнат функцијата на целиот организам и варењето и ќе го зајакнат имунитетот.

Зрнесто овошје
Бидејќи се полни со влакна, овие слатки бобинки ќе ви помогнат да бидете сити и да ја намалат желбата за храна додека ги топите мастите. На пример во една шака боровинки ќе добиете помалку калории (приближно 84) и повеќе влакна (3,6 g) отколку во една голема банана.

Тие се антиинфламаторни и полни со антиоксиданти кои помагаат да се одржи имунолошкиот систем силен и здрав.

Маслиново масло
Повеќето масла за готвење се богати со мононезаситени масти, околу 14 грама по лажица, што ќе ве спречи да грицкате и ќе ве засити. Кординг посебно го издвојува маслиновото масло кое го препорачува во секое јадење.

Авокадо
„Тие се одлична комбинација од мононезаситени масти и влакна, кои помагаат да бидете сити“, вели Кординг. Тоа е исто така добар извор на калиум, кој спречува задржување на водата и надуеност, а сето тоа е добредојдено кога се обидувате да изгубите тежина. Калорично е, па ќе биде доволна само половина, на пример со тост или јајца.

Помасна риба
Лосос, туна, скуша, сето тоа се риби кои ќе помогнат да се изградат мускули и да се заситите. Лососот е полн со омега-3 масни киселини кои помагаат во намалување на воспалението и согорување на маснотиите.

Грејпфрут
Ова цитрусно овошје има боја на сок од портокал бидејќи помага во регулирањето на шеќерот во крвта и има многу влакна, околу 3 грама во еден плод од 80 калории. Бидејќи има малку калории, можете да го јадете помеѓу оброците без страв дека ќе се здебелите. Полн е и со витамин Ц и бета каротен, кој му помага на имунолошкиот систем.

Чили пиперчиња
Се покажа дека капсаицинот, компонентата на чили пиперките што ги прави лути, помага при слабеење бидејќи малку го забрзува метаболизмот. Тоа нема да ви помогне премногу да согорувате масти, но може да му помогне на вашиот метаболизам во процесот на губење на тежината, вели Кординг.

Темно лиснат зеленчук
Богат е со железо, што пак го поттикнува протокот на кислород низ вашето тело. Ова може да ви помогне да го максимизирате текот и резултатите од вежбањето и да согорите маснотии, објаснува Кординг.